За прв пат во Македонија, Инвест Поинт во соработка со Ned Davis Research (NDR), им нуди на своите читатели увид во пазарите и една поинаква инвестициона перспектива.
Кој е Ned Davis Research?
Ned Davis Research (NDR) е глобална водечка компанија на независно истражување, која нуди увид во пазарите, алатки и инвестициони решенија. NDR jа користи тежината на доказите и пристапот од 360 степени за увид во пазарот. Кога кажуваат„докази“, подразбираат обработка на милиони серии на податоци за поттикнување на историска перспектива, градење на комерцијални индикатори и модели и смирување на инвеститорите во свет полн со возбуда и хистерија на вести за пораст и пад на пазарот. Веруваат дека ниту еден клиент не е преголем или премал да има корист од увидот и анализите на NDR.
Во 1980 година, Нед Дејвис, ја пронајде славата како автор по економија, заснована врз неговото основно верување дека заработката на пари е поважна од тоа да се биде во право. Подоцна, ја основаше компанијата за истражување која оттогаш се прошири во Њујорк, Атланта, Бостон, Чикаго, Сан Франциско, Лондон и Хонг Конг. Она по што се издвојува NDR е нивниот независен поглед на пазарите, кој им овозможува да коментираат без пристрасност – за разлика од глобалните инвестициски банки.
NDR е истражувачка куќа која користи метода од горе надолу, која се фокусира на обезбедување вистински значајна и навремена идеја преку комбинирање на техничка и фундаментална анализа. Формираат навистина јасна перспектива со додавање на макро и сентиментални податоци и анализи на нивните модели.