ETPs се инструменти кои ви овозможуваат диверзификација на вашата инвестицијата без потребата да управувате со големо портфолио. Со нив се намалува ризикот кој е поврзан доколку инвестирате само во една хартија од вредност. Тие ги заменија отворените инвестициски фондови како избор на инвестиција за едноставна диверзификација. Најпознати меѓу нив се Отворените инвестициони фондови кои се тргуваат на организирана берза – ЕТФ-и.
Зошто ЕТФ-и?
- Со нив се здобивате на изложеност до теми, сектори, земји без да правите прекумерно истражување.
- Инвестирате во пазари кои во друг случај не би биле достапни за вас.
- Автоматско следење на индексот, како и процесите на додавање и одземање на компоненти во него.
Н.Б. Купување на ЕТФ базиран во САД со странска изложеност е исто така изложен на валутна промена.
Exchange- Traded Notes – ETN
ЕТН се видови на необезбедени должнички хартии од вредност кои го следат основниот индекс. Разликата помеѓу нив и ЕТФ-те е во тоа што инвеститорот поседува. Со ЕТФ ,инвеститорот поседува акции од основното средство. ЕТН се структурирани продукти кои се издаваат како должнички хартии од вредност кои се слични на необезбедените должнички хартии од вредност.
INVERSE ETF’S
Инвеститорите можат да купуваат и да продаваат ЕТФ-и. Но, ако на пазарот сентиментот е негативен, “спонзорите” на ЕТФ креираат други разновидни ЕТФ-и кои ви даваат можност да учествувате на пазарот и во случаеви кога берзата паѓа. Тоа се таканаречените Inverse ETF – Инверзни ЕТФ-и . Нивната цена расте кога цената на носечкото средство или хартија од вредност паѓа.
LEVERAGED ETF’s
Исто така постојат и ЕТФ-и наречени Левериџ ЕТФ-и каде цената нивна се менува два и повеќе пати побрзо од носечкото средство или хартија.
Real Estate Investment Trusts – REITs
REITs претставуваат удел од портфолио кое генерира приход од недвижен имот. Тие можат да бидат купени и продадени како било кој друг ETP, но нивниот даночен третман е различен.