Берзанскиот индекс Nasdaq три недели по ред затвора повисоко. Од почеток на оваа година до сега,  Nasdaq 100 секоја недела се зголемувше.

Овој тип на однесување на почетокот на годината е совршено конзистентен со некои од најдобрите години забележани на берзата. Се нарекува јануарски барометар, „Како што оди јануари, така оди и остатокот од годината.” И покрај тоа што овие статистики се повеќе водени од S&P 500, во прилог една интересна табела од која можеме да видиме што се случувало со Nasdaq кога бил во пораст секоја нова година, во првите 3 недели и дали можеме истото да го очекуваме и оваа година.

Што мислите вие?

Големото отскокнување кај индексот беше предводено благодарение на добрите економски податоци, особено од компаниите  Netflix (NFLX) и Alphabet (GOOG, GOOGL). На следниот графикон можете да ги погледнете досегашните приноси во јануари. Верувам дека ќе се согласиме дека овие приноси би биле одлични годишни приноси за многу од овие имиња.  

И покрај тоа што изминативе неколку месеци многу инвеститори даваа прогнози за намалени заработки, топ тема на “мечките”, се чини дека компаниите од технолошкиот сектор како и самата економија се покажаа способни да издржат и да закрепнат многу побрзо во овој квартал.

Во меѓувреме, најавите за нови отпуштања иако на прв поглед изгледаат како лоша вест, всушност покажуваат дека технолошките компании конечно ги ограничуваат трошоците по најславните денови во пандемијата и ги прилагодуваат своите трошоци на новата пост-COVID средина. Тоа значи дека технолошките профитни маржи треба да престанат да паѓаат во 2023 година, а заработката треба да добие голем поттик во 2023 и 2024 година.