ШТО СЕ ФЈУЧЕРСИ?

Фјучерсите претставуваат обврзувачки договор помеѓу купувач и продавач да извршат трансакција на одредено носечко средство по однапред договорена цена и дата. Тие најчесто се користат за да се намали несигурноста. Купувачот на стоки знае однапред дека ќе ги добие порачаните стоки по фиксна цена која однапред ја знае. Шпекулаторите се најчесто другата страна од зделката. Тие обично немаат намера да извршат достава на стоката и се надеваат дека ќе го продадат договорот и ќе остварат профит.

ТЕРМИНОЛОГИЈА

  • Maturity – Датум на престанок на важност – е датумот кога фјучерс договорот истекува и односно престанува да важи и стоката предмет на договорот мора да биде доставена.
  • Volume – Бројот на договори кои се тргуваат секој ден
  • Open Interest – Бројот на договори кои сеуште не се исплатени
  • Front Month – Преден месец е месецот кој е најблиску до месецот во кој договорот истекува.
  • Active Month – најчесто е предниот месец но може да биде и месецот после тоа.
  • Continuous contract – Континуиран договор е синтетички формирани цени од фујерсни договори кои се користат за да се формираат долгорочни графикони.
  • Settlement- Порамнување e исполнување на обврските кои произлегуваат од договорот. Може да бидe:
  • Со физичка достава на стоката
  • Или порамнување во кеш
  • Settlement price – Цена на порамнување е официјалната последна цена од денот. Таа се користи за да се процени колку е потребна маргина за одржување на сметката.
  • Commitment of Traders – е неделен извештај кој во себе ги вклучува сите направени договори (open interest) од сите различни учесници на пазарот со фјучерси во САД.
  • Basis е односот помеѓу цените на спор пазарот и цените на пазарот со фјучерси.
  • Contango – Контанго е ситуација каде имаме нагоре навалена крива т.е. фјучерс цената е нас спот цената за договорите што достасуваат.
  • Backwardation – Беквардација имаме коха кривата е навалена надоле т.е. фјучерс цената е под спот цената. Исто така се нарекува и инверзија.

ПОДЕЛБА НА ФЈУЧЕРСКИТЕ СПОРЕД КЛАСАТА НА СРЕДСТВА ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОР

 

Суровините се групирани во 7 (седум) главни категории:

  1. Земјоделски стоки (пченка, кафе. месо)
  2. Енергетски суровини (нафта, природен гас, струја)
  3. Акции и индекси (MSTF, DAX)
  4. Фјучерси на валути (ЕУР/УСД, ЕУР/ЦХФ)
  5. Фјучерси на каматни стапки
  6. Фјучерси на метали (злато, сребро, бакар)
  7. Останати (недвижности, временски услови итн.)

КОНТИНУИРАНИ ГРАФИКОНИ

При правење на техничка анализа, најголем предизвик со кој се среќаваат техничките аналитичари е кога договорот за фјучерс истекува. Тоа што треба да се направи е да се спојат заедно сите последователни договори.

  • Time rollover – Кога тековниот договор истекува се користи датата од следниот договор.
  • Activity rollover – Датата од следниот договор се користи кога обемот на тргување е поголем од обемот на тргување од постоечкиот договор.
  • Rollover with Adjustment – кога се користи нов договор, историската база на податоци се прилагодува така што крајот на континуираната датотека се совпадне со новите податоци што се користат.
  • Smoothing – Податоците од последните два договори се упросечени користејќи пондериран просек. Како што се доближува денот на истекување на договорот, пондерот на договорот што престанува да важи се намалува.