Да резимираме и да ве подготвиме за неделата што следи. ?
Помина уште една недела полна со настани на Вол Стрит во која ФЕД, Европската централна банка и Банката на Англија ги зголемија стапките. ?
Што се случуваше?
? Берзата го продолжи својот нагорен тренд и минатата недела, предводена од технолошкиот индекс Nasdaq. После силните перформанси во месец јануари, сега многу инвеститори сугерираат дека 2023 година би можела да биде подобра отколку што повеќето очекуваат.
? ФЕД ја зголемија стапката за 0,25 п.п. и сигнализираа дека „тековните зголемувања на стапките ќе бидат соодветни“. Во меѓувреме, податоците за работни места кои се објавија во петокот ги загрижија некои инвеститори за ризикот од повторно забрзување на инфлацијата.
? На меѓународно ниво, Европската централна банка (ЕЦБ) и Банката на Англија (БОЕ) ги зголемија каматните стапки за 0,50 п.п. ЕЦБ го задржа својот јастребски тон, велејќи дека повторно ќе ја покачи каматната стапка за нови 0,50 п.п. во март, додека BOE рече дека може да има помали зголемувања и пауза.
? Повеќето големи технолошки компании ги пријавија извештаите за заработки минатата недела. Meta ги “сруши” резултатите, додека Amazon, Apple и Alphabet (Google) имаа потешко време. Ова беше уште еден слаб квартал за Snapchat, но Spotify ги надмина очекувањата.
?? Активистот и инвеститор Рајан Коен поттикна уште еден потег на меме-акциja, на веста дека презел значителен удел во Nordstrom.
? Неделата што помина имаше и многу други извештаи за заработка, вклучувајќи ги SoFi, Peloton и многу повеќе.
Еве ги цените за затворање од неделата што заврши:
S&P 500 |
4,136 |
+1.62% |
Nasdaq |
12,007 |
+3.31% |
Russell 2000 |
1,986 |
+3.88% |
Dow Jones |
33,926 |
-0.15% |