Под поимот фриленсинг (freelancing) се подразбира хонорарна или непостојана работа, па, така, оној кој се занимава со оваа работа е фриленсер, односно работи како хонорарец. Најчесто тоа се луѓе кои немаат сопствена фирма и функционираат како физички лица.
Не секоја професија ја нуди таа можност за таков вид на работа, па вообичаено фриленсерите се дизајнери, архитекти, програмери, новинари, преведувачи, уметници, фотографи, маркетинг-менаџери, веб-девелопери, блогери, сметководители и слични вакви професии.
Често поставувано прашање е кои се главните предности, односно што е тоа што ги мотивира луѓето за да се занимаваат со фриленсинг?
Како главни предности на фриленсингот се издвојуваат:
- Фриленсерот има флексибилност во одлучувањето, односно сам си го одредува работното време, работното место, како и фирмата со која ќе соработува;
- Фриленсингот нема потреба од големи инвестиции, неоходно е само компјутерска и софтверска опрема и стабилна интернет-врска;
- Фриленсерот има солидна заработка во однос на ефективните работни часови, односно има доволни месечни примања со кои лесно ќе може да издвои сума за покривање на персоналниот данок, здравственото и пензиското осигурување.






