Третиот столб е доброволен и ти овозможува да издвојуваш дополнителни средства со цел да оствариш право на повисока пензија.

Висината на уплатените средства ја одредуваш сам и сѐ што ќе заштедиш, ќе биде акумулирано на твојата доброволна пензиска сметка, надополнето со остварениот принос од управувањето со твојата заштеда.

Овие средства ќе може да ги подигнеш најрано 10 години пред стекнувањето на правото на старосна пензија.