Компанијата Align Technologies, тикер ALGN се искачи за 8,86% и достигна нови највисоки вредности во четвртокот, откако компанијата објави рекордни приходи од 1 милијарда американски долари за прв пат.
Заработка по акција (EPS): 3,04 долари наспроти 2,45 долари
Приходи: 1 милијарда американски долари, +187% (YoY)
Извршниот директор на Align, Joe Hogan, изјави: “I’m pleased to report our first $1 billion revenue quarter with record volumes reflecting continued momentum from both Clear Aligners and Systems and Services. For Q2, Systems and Services revenues reflect strong growth and the strategic value of the iTero business in all regions with continued adoption of the iTero Element 5D Plus Series of next-generation scanners and imaging systems which launched in February.”
Еве како изгледа неделниот графикон на акцијата:
Од неделниот графикон, можеме да забалежиме дека после корекцијата во 2019 година, акцијата прави пробив и нови ценовни издигнувања. Пробивот на линијата на отпор е поткрепена со breakaway gap и со зголемен обем на тргување. Акцијата се наоѓа во силен нагорен тренд и продолжува да прави нови врвови. Индикаторот RSI(14) е во позитивна територија и укажува на простор за уште поголема сила. Значи, ние сакаме да купуваме сила, односно акции чиј интензитет на движење на цената е во силен, нагорен тренд.
Дневниот графикон зборува сам за себе. Имаме пробив на линијата на отпор, после неколку месеци период на консолидација. Акцијата покажува релативна сила во однос на берзанскиот индекс S&P 500 и во однос на Dow Jones US Medical Supplies Index. Секој throwback или намалување на цената е одлична можност за отварање на долга позиција и следен таргет околку $830. Оваа идеја за тргување е во сила се додека се наоѓаме над 20day MA или над $630.
Акциите на компанијата сега вредат $695,80.
За компанијата: Align Technology се занимава со дизајн, производство и пазар на ортодонски, реставративни и естетски стоматолошки производи. Работи преку сегментите Clear Aligner и Scanner и Services.
Сектор:
Индустрија: Medical Specialties
За авторот: Снежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.
Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.
Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.