Where do you buy the dip?

Продолжуваме со позитивните вести поврзани со крипто. Првата вест е дека компанијата Google после 3 години ја тргна забраната за рекламирање на крипто менувачници и новчаници. Google заедно со Facebook ја имаат најголемата мрежа за рекламирање, кое значи дека ќе има цело ново подрачје од луѓе кои ќе бидат запознаени со крипто и следствено на тоа многу нови корисници. Втората вест е дека во крајот на месец јули податоците покажуваат зголемување за 30% на активни адреси на Биткоин. Третата вест доаѓа од Glassnode, која е одлична платформа за on-chain data анализа. Како што веќе знаете Whales се ентитети или новчаници кои поседуваат помеѓу 100 и 10.000 Биткоини и тие заедно поседуваат 364 милијарди долари во Биткоин. Измината недела Whales купија дополнително 170.000 Биткоини кое укажува на тоа дека тие се чуствуваат комфортно и при секој пад на Биткоинот тие акумулираат уште повеќе. Ако го погледнете графиконот на Биткоинот ќе забележите силен моментум и 10 последователни дена во кој Биткоинот се тргуваше на повисока цена. Сето тоа укажува на промена на трендот во нагорна линија.

Од графиконот, можете да забележите дека во јули вториот пробив на линијата на поддршка, каде цената бргу се враќа назад и се движи во спротивна насока, има конфирмација и цената затвара над испрекината линија и 50d MA.

Извор: https://stockcharts.com/

Од следниот графикон, можеме да забележиме позитивна дивергенција помеѓу цената и KST индикаторот кое укажува на веројатност за повисоки цени во блиска иднина. Графиконот покажува дека за време на силниот биков, нагорен тренд, сигналите 1-7 беа проследени со здрави добивки. Сигналите 8-10 беа неуспешни  за време на пазарот кога преовладуваа “мечките” . Сегашниот сигнал најверојатно ќе биде добрар бидејќи цената неодамна беше на маргинално ново најниско ниво и KST индексот на многу повисоко ниво од дното во месец јуни.

KST (Know Sure Thing) е индикатор кој е разработен од Martin Pring. Индикаторот е осцилатор кој прикажува измазнета стапка на промена на интензитетот на цената за четири различни временски рамки.

Сега се поставува прашањето на која цена да купиме? Сите сакаме да се случи корекција за да купиме поефтино, ако имаме среќа да се случи тоа, но кога повеќето учесници се на една иста страна, пазарот реагира токму во спротивната насока. Тоа е така, зашто пазарот е механизам за пренесување на богатство на тие 10% од учесниците што знаат што прават наспроти останатите 90% што не знаат што прават или од 90% од учесниците што се нестрпливи кон тие 10% што се стрпливи на пазарот. Затоа советувам наместо да давате market orders поставете limit orders и преговарајте за цената што сакате да ја добиете и бидете market makers наместо market takers.

За авторотСнежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend