Дали се основани критиките кон Тесла

Американскиот производител на автомобили Тесла е под истрага од страна на американската Национална управа за безбедност во сообраќајот на патишта (NHTSA).

Истрагата произлегува од 11 несреќи поврзани со програмата “Автопилот”, за помош на возачите на Тесла. Во сите од наведените случаи, „Автопилот“ имаше удрено во неподвижни возила уште со првата реакција. Рекламата на Тесла за “Автопилот” се појави во октомври 2015 година и беше претставена како побезбеден начин од редовното возење, додека првиот несреќен случај беше пријавен во јануари 2018 година. Официјалниот извештај за безбедност на возилата на Тесла во првиот квартал од 2021 година, посочува дека компанијата регистрира “една несреќа на секои 4,19 милиони милји возени во која возачите го вклучиле “автопилотот”. Спротивно на тоа, Тесла тврди дека NHTSA проценува дека автомобилска несреќа ќе се случи приближно на секои 484.000 милји“.
Иако “Автопилотот” е опишан како „побезбеден“ отколку вообичаеното возењето, NHTSA може да ги истражува овие инциденти поради голема претпазливост. Во наредните денови, истрагата ќе ги опфати сите 765.000+ Тесла возила кои се во користење. Компанијата Тесла е фрустрирана што истрагата на NHTSA не ги вклучува други слични апликации за помош при возење.
Акцијата на $TSLA вчера падна 4,32%.
На дневниот графикон, можете да забележите дека акцијата на Тесла се наоѓа во консолидација. После масивниот пораст што го постигна во 2020 година, корeкцијата беше очекувана кое може да се види и од самиот графикон каде имаме bearish divergence помеѓу индексот RSI(14) на цената и silver cross. Акцијата сеуште се наоѓа во позитивна територија, но потребна ни е конфирмација дека корекцијатa е завршена. На релативна основа исто така ни е потребна конфирмација дека трендот е сеуште е во нагорна линија и го победува бераснкиот индекс SP 500 и DJ US Automobile index.   Доколку акцијата не направи пробив над $730, можеме да очекуваме повторно тестирање на линијата на поддршка која се наоѓа ококлу $630. Вчера акцијата се тргуваше во црвена боја и проби EМА(20).

За авторотСнежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend