“Stablecoins” втор дел

Во продолжение ќе ги објаснам останатите категории на stablecoins кои се поддржани со други средства.

Commodity-Backed Stablecoins се токени кои се поддржани од некоја берзанска стокаи се уште едно уникатно решение за дилемата со stablecoins, но овие токени имаат поинаков пристап од оние што се врзани за фиат валута како што е американскиот долар. Како што сугерира името, овие типови на stablecoins всушност се поврзани со вредноста на берзанска стока како на пример нафта, недвижен имот или благородни метали, од кои последната е најчеста категоријата. За разлика од algorithmic stablecoins, овие токени се обезбедени со физичко средство, така што токените всушност ја носат вредноста на средството во реалниот свет на различните блокчејн мрежи.

Paxos Gold (PAXG) е одличен пример за овој тип на stablecoin, при што секој PAXG е поврзан со вредноста на 1 троја унца злато што е обезбедена со 400 унци златни прачки складирани во физички складови и управувана од компанијата Paxos, којашто што ја има изградено мрежата. Се разбира, овие токени поддржани со берзанска стока се стабилни исто како и вредноста на основната стока, така што овој тип на stablecoin може да види многу повеќе нестабилност на цената од оние што се врзани за вредноста на фиат валута, но примарната цел на овој тип на stablecoin што го прави привлечен е намалување на ризикот од инфлација или колапс, бидејќи тие се обезбедени со средства што обично се користат како хеџ против инфлација и пазарот на фиат пари.

Crypto Collateralized Stablecoins се обезбедени со други крипто средства. Овие понекогаш се нарекуваат „on-chain“ stablecoins, бидејќи поддршката за нивната вредност се воспоставува со издавање на средство против други средства што потекнуваат од матичниот блокчејн. Корисниците на овие типови на stablecoins можe да издаваат нови токени со заклучување на крипто валутата во паметен договор која ги држи средствата како залог, а потоа издава stablecoins против нив. Корисникот потоа ги носи колатерализираните stablecoins до ДеФи платформите за да позајмуваат и собираат камата или да купуваат други крипто средства. Бидејќи овие средства се поддржани од криптовалути кои многу често се нестабилни по вредност, обично бараат значителна прекумерна колатерализација преку Collateralized Debt Position (CDP).

Токенот DAI, издаден преку платформата MakerDAO, е еден од најпознатите токени во оваа категорија. Кога издавачот сака да издаде нови DAI токени, тие мора да направат обезбедување на својата позиција за 200%, така што корисникот што сака да издаде DAI во вредност од 1.000 американски долари ќе мора да заклучи вредност од 2.000 американски долари во средства како ETH или BTC во паметниот договор. Вредноста на DAI останува заштитена со прекумерна колатерализација бидејќи заклучените средства ќе се продадат по нивната пазарна вредност доколку таа вредност стигне премногу близу до вредноста на издадениот DAI. Ова се нарекува „праг на ликвидација“. Кога ќе се исполни овој праг, обезбедувањето што беше заклучено во паметниот договор се продава по пазарна цена за да се отплати CDP што беше отворена кога беше издаден токенот DAI.

Поради начинот на кој овие типови на stablecoins се поддржани, DAI и другите крипто-колатерализирани токени секогаш ќе бидат обезбедени во прекумерна тежина и ќе имаат речиси нула ризик од “bank run” ситуација што ги мачи некои од другите типови на stablecoins . Од друга страна, ризикот кај овие средства доаѓа во форма на доверба во креаторот на протоколот  во поглед дали има соодветни безбедносни мерки за да спречи злонамерен програмер да го искористи софтверот и да украде средства од паметниот договор.

Fiat Collateralized Stablecoins се оние кои се поддржани од фиат валута. За разлика од crypto collateralized stablecoins, овие се сметаат за „off-chain“ средства, бидејќи валутните резерви што ја поткрепуваат вредноста на токенот не се чуваат на блокчејн мрежи. Овие резерви на средства обично се контролирани од централизиран орган и ги чува финансиска институција како банка.

Некои од најпознатите stablecoins кои спаѓаат во оваа категорија се USDT на Tether и GUSD на Gemini. Овие stablecoins се поддржани 1: 1 од средството што го следи токенот (обично американски долари). Во некои случаи, овие токени се поткрепени со краткорочни хартии од вредност, бидејќи се појавија контроверзии со неколку издавачи кои формално не ги докажаа своите резерви или избраа да ги поддржат токените со мешавина од овие различни активи од реалниот свет наместо да се користат само американски долари како залог.

Ова не мора да значи дека оваа категорија на stablecoins е со поголем ризик, но воведува некои основани грижи за тие што ги користат. Сепак, треба да се напомене дека имаат некои од најшироките примени низ индустријата, при што USDT е убедлив лидер во однос на вкупната циркулација. Понатаму, паровите за тргување со USDT се достапни на скоро сите најреномирани берзи, па веројатно е најпристапниот stablecoin за повеќето корисници на крипто.

Можеме да заклучиме дека постојат голем број на начини да се создадат stablecoins во крипто индустријата и секој од нив има и добри и лоши страни. Ако се прашувате кој токен е соодветен за вас, важно е да ги измерите ризиците поврзани со секој од нив, но исто така е важно да ги земете во предвид и силните страни на овие различни токени. Ако барате само висока ликвидност и бројни опции за платформи и парови за тргување, USDT е веројатно најдобрата опција. Од друга страна, ако премногу централизираната моќ на издавачите ви претставува грижа,  DAI или UST се токени кои остануваат доследни на  децентрализираниот етос на крипто индустрија, додека обезбедуваат многу  ако не и сите од придобивките на токени како што е USDT.

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend