iShares MSCI ACWI ЕТФ-от ги следи цените на светскиот берзански индекс, кој е составен од акции од развиените земји со голема и средна пазарна капитализација како и од акции од земјите во развој.
Глобалната ширина на пазарот, кој претставува breadth indicator за тоа колку е здрав пазарот или одреден пазарен сегмент, се засилува и покрај грижите за можна рецесија во САД и останатите земји. Од графиконот можеме да забележиме дека % на акции кои прават повисоки врови е поголем од % на акции кои учествуваат во него и прават пониски падови. iShares MSCI ACWI ETF достигна нови ценовни врвови минатата недела, кои беа највисоки во повеќе од една година.
Глобалната ширина на пазарот се подобрува и остава простор за повеќе оптимизам, при што трендот кај технолошкиот и енергетскиот сектор е во согласност со цикличноста на пазарот во еден секуларен биков тренд, а каматните стапки ги поддржуваат изгледите за продолжување на растот на акциите на глобалниот пазар.






