Apple, најголемата компанија во светот според пазарна капитализација од 2,5 трилиони долари, во соработка со Goldman Sachs лансира нова штедна сметка и нуди годишен принос од дури 4,15% 🤯
По колапсот на Silicon Valley Bank, повлекувањето на депозити од страна на клиентите продолжува, додека Apple се наметнува на пазарот со нова понуда- нова штедна книшка со висока камата.
Компанијата Apple има неверојатни 1,8 милијарди активни уреди ширум светот (некои луѓе можеби имаат и повеќе уреди) и сега ќе им овозможи на корисниците „лесно да ја поставуваат и управуваат својата штедна сметка директно од Apple Card во Wallet“.
Штедната сметката на Apple нуди:
– Каматана стапка која е повеќе од 10 пати поголема од националниот просек (просечната каматна стапка на штедна книшка во Америка е само 0,35% годишнеш принос)
– Без провизии, без минимални депозити и без минимално салдо
– Има лесна за користење апликација UX/UI и е потребно помалку од 1 минута за воспоставување на штеден влог
– Осигурување на депозит – максимален износ од 250.000 долари






