Кога си одите накај дома, дали со колата  возите по спората или по брзата лента?

Првата работа што треба да ја разберете е дека не постои инвестиција која е без ризик. Кога инвестирате, Вие ги вложувате парите во нешто во кое верувате дека неговата вредност ќе порасне со текот на времето, но не постојат гаранции дека тоа ќе се случи.

Пазарите секогаш носат со себе неизвесности кои може да предизвикаат вредноста на Вашата инвестиција наместо да порасне да се намали исто како и очекуваните приноси. Сето тоа е нормално и не е неочекувано. Затоа се препорачува секогаш вашите инвестициите да бидат за подол временски период, над 10 години за да може вашата инвестиција да има време да “заздрави” и повторно да порасне нејзината вредност. Со инвестирањето, ризикот и наградата одат рака за рака.

Општо прифатено правило е дека инвестиции со повисок ризик имаат потенцијал да ви донесат повисока награда-поврат на вашата инвестиција и обратно.

Кога инвестирате, склоността кон ризик треба да биде од најголемо значење  при одлучување колку проценти од вашето портфолио треба да биде  изложено во акции.

За почеток, најдобрро е да се качите на бродот со помал ризик. Откако ќе запловите, со текот на времето можете да набљудувате што ќе се случи со вашата инвестиција и да одлучите да го зголемите нивото на ризик, ако сакате.

Ако не сте сигурни која е Вашата толеранција за ризик и каков инвестициски производ е соодветен за Вас, пополнете го овој инвестициски прашалник кој ќе Ви помогне во вашата одлука.