После масoвната продажба кај крипто пазарот оваа недела, предводена од изјавата на Илон Маск и неодамнешната промена во политиката на Кина, биткоинот како да најде линија на поддршка. Моментално се наоѓа на клучно ниво и во зависност од тоа на која страна ќе пробие, можеме да очекуваме или подлабока корекција која може да достигне и до $10.000 или да направи пробив и нови ценовни издигнувања.

На графиконот горе е прикажана релативната сила на биткоинот (BTCUSD) и цената на златото прикажана преку најголемиот физички поддржан ЕТФ за размена на злато (SPDR Gold Shares). Од графиконот може да видиме дека почнувајќи од месец февруари и покрај тоа што биткоинот направи нови издигнувања на апсолутна основа и во однос на цената на златото, може да видиме дека интензитетот прикажан преку индексот RSI(14) слабее и има негативна девергенција која укажува дека наскоро е можна корекција нодоле. Првиот сигнал доаѓа при пробив на 50 day MA и веќе на 15-ти мај се случи пробив на линијата на поддршка која укажуваше дека биткоинот започна да губи сила во однос на златото и беше потврда дека е можна поголема корекцијата кај биткоинот.  На долниот дел од графиконот е прикажана цената на златото GLD од кое можеме да увидиме дека златото повторно почнува да расте и се наоѓа на многу силна линија на отпор која доколку пробие нагоре можеме да очекуваме нови ценовни врвови кај златото кое може да биде негативно за биткоинот. Од друга страна индексот на доларот се наоѓа на најниско ниво по последните неколку години и прави ново пониско дно. Прашањето дали слабеењето на доларот ќе биде двигател за придвижување на цената на биткоинот или на златото нагоре останува да видиме. Секако тука е инфлацијата која ни чука на врата. The Commodity Research Bureau (CRB) индексот кој ги следи цените на глобалните пазари на берзански стоки исто така ја проби линијата на отпор и направи нови ценовни издигнувања. Кај пазарот на обврзници ја имаме истата слика. Дали е тоа коинциденција?

Потврдата од Европа може да укаже на растечки глобални инфлациски притисоци.

Дали корекцијата на биткоинот е завршена и можеме да очекуваме нов тренд нагоре и нови врвови треба допрва внимателно да следиме. Од графиконот во прилог, анализа која оди во корист на биткоинот е Elliot wave, според која четвртиот корективен бран abc можно е да е завршен. Сѐ додека биткоинот ја задржи линијата на поддршка на 35К, сметам дека треба да го следиме следното ценовно движење и да видиме пробив над 46К кое ќе ни даде рана конфирмација дека корективниот бран 4 е завршен.

Со оглед на карактеристиките и волатилноста на овие пазари, секако вакви корекции се очекувани и верувам дека тие што инвестираат на овој пазар го имаат земено тоа во предвид и имаат желудник за да ги издржат овие ценовни осцилации. GO BULLS!

За авторотСнежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.