Ако досега не сте чуле за недостатокот од полупроводноци може да е лошо. Без полупроводници, производителите на автомобили не можат да градат автомобили, технолошките компании не да може да произведуваат телефони или лаптопи, а вашиот “паметен фрижидер” нема да биде многу паметен. 💔
Сега, производителите на чипови градат нови леарници за да бидат во чекор со побарувачката – Intel ќе инвестира 20 милијарди долари за проширување на бизнисот со леарници, додека светскиот лидер TSMC ќе потроши $100 милијарди само за да го задржи водството на пазарот.
Но, ако производителите на чипови ги прават чиповите, кој ја прави опремата што ги прави чиповите? ASML е еден од најголемите производители на опрема за полупроводници. ASML Holding NV се занимава со развој, производство, маркетинг, продажба и сервисирање на напредна полупроводничка опрема, која се состои од системи поврзани со литографија. Главно им одговара на производителите на мемориски чипови и логички чипови. Компанијата е основана на 1 април 1984 година и има седиште во Велдховен, Холандија.
Компанијата вчера ја објави заработката за вториот квартал и беше апсолутнен победник 💰.
Заработка по акција (EPS): $3,04 наспроти $3,00 (+ 41% годишно *)
Приход: 4,84 милијарди долари и проценка (+ 21% годишно *)
Компанијата, исто така, вчера го зголеми консензусот за заработка, предвидувајќи 35% раст на продажбата во 2021 година (повеќе од претходниот квартал во кој беше предвидено 30%).
Во наредните месеци, ASML може да биде главен показател за побарувачката за индустријата за полупроводници. Многу малку е веројатно дека ќе падне наскоро со оглед на силното барање што производителите на чипови допрва треба да го исполнат. 📈
Од графиконот јасно може да забележиме дека компанијата се наоѓа во силен нагорен тренд. Сите технички читања го потврдуваат тоа. Цената прави историски најнови врвови и ако линијата на отпор стане новата линија на поддршка, нашата мантра во тој сличај е да бидеме во долга позиција кај оваа акција. Значи, ние сакаме да сме долги ако цената се задржи на ниво над $710 со таргет $790.
$ASML вчера порасна за 5,4%. 44,2% YTD.
За авторот: Снежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.
Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.
Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.