Производителот на автомобили Форд изминатата недела предвреме го објави својот нов електричен пикап F-150 Lightning од страна на својот голем обожавател претседателот Бајден кое предизвика цената да порасне дури 12,5%. На неделниот графикон е прикажана цената на Форд од која можеме да видиме како после долг период на консолидација повторно се враќа на сцена и прави пробив на многу силна линија на отпор и дококу цената се задржи над $12 очекувам следен таргет да биде околку $18. Ако линијата на отпор стане новата линија на поддршка, нашата мантра во тој случај е силен buy.
На дневниот графикон имаме формација на flag кој претставува краток канал кој се спушта во спротивна насока од трендот и најчесто е ценов модел кој покажува продолжување на насоката на поголемиот тренд, во нашиот случај нагоре. Од индикаторот RSI(14) можеме да забережиме дека тој се наоѓа во позитивна територија и сеуше не е во overbought територија. Тој ни покажува дека постои уште простор за нагоре и во овој случај ние сакаме да купуваме сила. Најдоле е прикажана релативната сила на акцијата во однос на автомобилскиот индустрски сектор и берзанскиот индекс S&P кое покажува позитивен тренд и ги победува на релативна основа.
Дали компанијата Тесла ја губи својата монополска позиција кај електичните возила?!
За крај, на графиконот подолу е прикажана релативната сила на Форд наспроти Тесла. Верувам дека графиконот зборувам сам по себе.
За авторот: Снежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.
Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.
Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.