CEL-SCI Corp е компанија за биотехнологија, која се занимава со истражување, развој и производство на производи за имунотерапија за третман на рак и заразни болести.

Голем дел од акциите кои имаат силен продажен притосок остануваат во тренд на опаѓање многу месеци, но има повремени акции што се спротивставуваат на масите и Cel-Sci Corp (CVM) може да биде само една од тие компании.

CVM достигна највисока цена на ниво од $27,64 на 1-ви февруари и откако изгуби половина од својата пазарна вредност во следните два месеци, цената повторно се врати и затвори на веднаш под линијата на отпор $27,70. Цената моментално се наоѓа на 20 ЕМА кое претставува краткорочна линија на поддршка. Во среда е следниот датум за објавување на податоците за заработка на компанијата и ако податоците се позитивни оттука можеме да очекуваме пробив на цената на акцијата и очекувам следен таргет да биде на ниво околу $37 за земање на профитот. Нашата мантра во биков тренд е кога линијата на отпор станува линија на поддршка и тогаш ние сакаме да бидеме во долга позиција на пазарот. Доколку цената на акцијата се наоѓа над ниво од $28 ние сакаме да ја поседуваме оваа акција.

За авторотСнежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.