2021 година започна со голем замав на крипто пазарот и за само неколку недели, цената на Биткоинот се удвои. Истото се случи и со многу алткоини кои забележаа апсолутно огромни добивки. Но, колку и да беше добро до сега, верувам дека во следните месеци не само што би можеле да ги достигнеме приносите што ги видовме на почетокот на годината туку и апсолутно да ги победиме.
Имавме многу одлични порасти на крипто како што се: Solana, Cardano, Luna, Ethereum и многу други. Бидејќи пазарот се наоѓа во нагорен тренд, деновиве е потешко да се најдат коини кои не се снајдоа баш најдобро и кои се тргуваат со црвена боја. Но, начинот на кој го гледате овој биков, нагорен тренд може многу да варира во зависност од вашиот временски хоризонт, толеранција на ризик и инвестициски цели.
Сигурно сега се прашувате што да купите и уште поважно на која цена? Кога гледате пораст на цената, тогаш не сакате да купувате него да продавате, а кога ќе забележете црвени свеќи на графиконот, тогаш сакате да купувате. Кога на пазарот ќе се формира линија на поддршка каде цената се одбива неколку пати и се заддржува без да пробие надоле, тогаш сакаме да почнеме да ставаме налози за купување. Најбитно од се, е да бидете трпеливи.
Да ја погледнеме цената на Биткоинот и да видиме што се случува. Од дневниот графиконот можете да забележете дека имаме краткорочен надолен тренд кој би требало да најде поддршка на цена околку $42,500 кое претставува одлична можност за отварање на долги позиции.
Во следните два графикони се прикажани перформансите на Биткоинот во однос на берзанскиот индекс S&P 500 и златото. Графиконите изгледаат многу слично и кажуваат сами за себе. Ако се наоѓаме над хоризонталната линија означена во сива боја, значи дека на релативна основа Биткоинот го победува берзанскиот индекс и има простор за уште поголеми добивки.
Како и во првата табела BTC/SPX, ако цената на графиконот BTC/GLD е над највисоките вредности од 2018 година, вие сакате да поседувате Биткоин.
Ако чекате цените на крипто пазарот да се намалат пред да продолжат нагоре, тоа можеби нема да се случи во скоро време. И ако одлагате премногу долго, можете да го пропуштите следниот голем скок на крипто.
Запомнете дека во одреден момент, криптото ќе ја достигне својата крајна цена. И вашата шанса да добиете големо парче од најголемиот трансфер на богатство во историјата на човештвото ќе исчезне засекогаш.
За авторот: Снежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.
Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.
Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.