Изминатата недела беше скратена, но пазарот го продолжи својот надолен тренд. ?

Да погледнеме  што се случи и да ве подготвиме за неделата што следи. ?

? Притисоците од  инфлација ги зголемија приносите на обврзниците, кое предизвика акциите и ризичните средства во текот на целата недела да се тргуваат пониско, придвижувајќи ги надоле.

? Преферираната метрика за инфлација на Банката на федерални резерви, основните трошоци за лична потрошувачка (PCE), стана “пожешка” од очекувaњата во јануари. Податооците за личните приходи и расходите беа измешани наспроти очекувањата, но покажаа континуиран нагорен притисок врз инфлацијата.

? Беа објавени записниците од состанокот на Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC), кое покажада дека „неколку“ членови поддржале зголемување од 0,50 п.п. за време на последниот состанок. Агресивниот тон  за ново зголемување на каматаната стапка придонесе да се зголемат приносите на обврзниците, а  исто така се зголеми и  нестабилноста на берзата.

?️ Walmart и Home Depot пријавија проблеми при малопродажбата бидејќи повисоката инфлација и економските грижи го намалија трошењето на потрошувачите. Онлајн трговците на мало Wayfair и Wish укажаа на сличен проблем, исто како и компаниите за пица Domino’s и Papa John’s, кои се соочуваат со повисоки трошоци и послаба потрошувачка.

? Беше измешана недела за перформансите и на компанијата за полупроводници, но Nvidia ги надмина очекувањата за заработка.

₿ Цените на крипто средствата се придвижија во надолна линија  заедно со берзата, а заработката на Coinbase покажа дека нејзините месечни активни корисници и приходи остануваат под притисок.