Да резимираме и да ве подготвиме за неделата што следи. ?

 

Што се случуваше?

Беше измешана недела додека инвеститорите се подготвуваат за овонеделниот состанок на ФЕД и податоците за инфлацијата. ?

? Повиците за нов биков пазар продолжуваат бидејќи индексот на нестабилност S&P 500 (VIX) го достигна најниско ниво од пред пандемијата. Во меѓувреме, извршниот директор на Apollo Global Management се залага за поврат на приватниот пазар и вели дека нема никакво алфа на јавните пазари.

? Визијата за AR/VR на Apple, наведена на светската конференција за програмери (WWDC) го остави пазарот поделен. Додека некои веруваат дека неговиот Apple Vision Pro ќе биде хит, други изразија загриженост за цената од 3.500 долари и прифакањето од стана на поширокиот пазар. Додека Apple се оддалечи од спомнувањето на вештачката интелигенција (AI), компаниите како GitLab кои се наклонети кон неа продолжуваат да ја поддржуваат.

? Акциите на GameStop пораснаа пред извештаите за заработката, но паднаа по веста дека нивниот извршен директор е сменет и заменет од Ryan Cohen. Во меѓувреме, други меме акции како Carvana доживеаја екстремни распродажби бидејќи сентиментот за нивните бизниси се префрли  од  „лош“ на „уште полош“.

? Притисоците за маргината ги влошуваат акциите од прехрамбената индустрија  и кинескиот производител на електрични возила Nio.  Додека, некои трговци внимателно ги следат  акциите поврзани со ураниумот – Global Uranium ETF ($URA) , велејќи дека тие наскоро би можеле „да станат нуклеарни“.

?️ Спортскиот бизнис продолжува да цвета, при што PGA на САД и LIV Golf поддржани од Саудиска Арабија објавија контроверзно спојување.

₿ Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) ја обнови својата борба против крипто пазарот, преземајќи мерки против Binance.US и Coinbase.

Еве ги цените на затворање:

S&P 500

4,299

+0.39%

Nasdaq

13,259

+0.14%

Russell 2000

1,866

+1.90%

Dow Jones

33,877

+0.34%