Со оглед на моменталните економски, геополитички случувања и неизвесност на пазарите, се чини дека има голем број на инвеститори кои се’ уште му веруваат на благородниот метал.”

Минатата недела неколку централни банки ги зголемија своите референтни стапки и се чини дека “нема пресврт”  во политиката што доаѓа. Банката на Федералните резерви направи зголемување за нови 0,75 базични поени, Банката на Англија ја зголеми стапката за 0,50 базични поени, додека Швајцарската национална банка ја зголеми за 0,75 поени. Ваквите потези ги разочараа пазарите на кои очајно им беа потребни “охрабрувачки вести”, но немаше ниту една. ФЕД драстично ги намали своите проекции за економски раст, ги зголеми проекциите за невработеност и ги задржа очекувањата за повисока инфлација и во 2023 година. Во Европа, проекциите не се поразлични, рецесијата е на прагот.

Продолжи со читање