Неодамна бев прашана дали кога тргувам користам левериџ и мојот одговор беше многу ретко, скоро никогаш. Колку и да изгледа примамливо и ви дава можност брзо да се “збогатите” со позајмен капитал, шанските се дека исто така многу брзо можете да се доведете во ситуација во која да го изгубите целиот капитал на вашата сметка за тргување. Ако сте почетници во тргувањето, Ве советувам да го прочитате овој одличен текст од мојот колега Patrick Pfister, кој со примери ги објаснува добрите страни но и и ризиците кои доаѓаат со тргувањето на Договори за разлика – CFD.

Договорите за разлика (CFD) се деривативни инструменти на пазарот кои се тргуваат со левериџ и им овозможуваат на трговците и инвеститорите можност да профитираат од движењето на цените без да ги поседуваат основните средства.

Тргувањето со CFD овозможува шпекулирање дали цената на средството ќе се движи нагоре или надолу – без да мора да се поседува средството. CFD се деривативен производ достапен за тргување со акции, девизни курсеви, индекси и берзански стоки, покривајќи ја долгата и кратката страна на инвестицијата.

https://www.samt-org.ch/resources/blog/how-to-trade-CFDs