Откако ќе купите криптовалути, потребно е да направите многу важна одлука во поглед на нивното чување. Како да ги чувате вашите криптовалути безбедно? Постојат неколку опции од кои можете да изберете, но прво мора да започнеме со темелно разбирање на приватните клучеви и фразите за обновување. Заштитата на приватните клучеви и фразите за обновување се најважната работа кога станува збор за криптовалутите затоа што тој што има пристап до нив има пристап и до вашите криптовалути. Сепак, криптото го изведува своето име од крптографија на јавен клуч/приватен клуч што ги обезбедува вашите дигитални валути.
Јавни адреси, приватни клучеви и фрази за враќање.
Прво, да започнеме со полесниот дел: јавни адреси. Кога превземате било кој крипто паричник, ќе добиете јавна адреса поврзана со него. Јавната адреса може да ја споделите со било кого со цел да прифатите плаќање во крипто. Исклучително важно е да разберете дека сите криптовалути се чуваат во нивниот сопствениот паричник. Тоа е дел што често е погрешно разбран, иако е едноставен за разбирање: за да испраќате и примате биткоини, тоа го правите до и од јавната адреса на биткоинот. Не можете да испраќате други алткоини до и од јавната адреса на биткоинит. Ако го направите тоа, ќе ги немате засекогаш. Ако сакате да прифатите Litecoin, или Ethereum, вие треба да ги генерирате тие јавни адреси преку давател на паричник за тие криптовалути.
Помислете на тоа како адреса за е-мејл пошта. Ако ми должите 0,001 BTC, јас ќе ви го испратам мојата биткоин јавна адреса за да можете да ги испратите парите таму. Ако ми должите 1 ETH, ќе треба да ви обезбедам јавна адреса на Етериум. Паричниците генерираат и QR-код кој лицето може да го скенира и автоматски го пополнува нивното поле „испрати“ со вашата јавна адреса.
Јавната адреса на биткоинот генерално ќе започне со 1 или 3 и изгледа вака: 1BQhEut2E4XmYm53Qt614NorhBvuCoyxVc. Јавната адреса на етериумот секогаш започнува со 0x… и изгледа вака: 0x849310a4E7dffD66bE70E688B9Cb977c1d7aB537.
Сега за потешкиот дел, но и најважен дел: приватни клучеви и фрази за обновување. Најважната работа што треба да ја запомните е дека вашите приватни клучеви или вашата „фраза за обновување“, ги контролираат вашите криптовалути.
Ако изгубите било кое од нив, треба веднаш да генерирате нов паричник и да го испратите вашите крипто до новиот паричник (ако вашите криптовалути веќе не се украдени). Кој има пристап до фразата за обновување или приватен клуч може да ги потроши вашите крипто, каде и да се наоѓаат во светот. Тие не бараат физички пристап до вашиот уред. НИКОГАШ НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ГО ВАШИОТ ПРИВАТЕН КЛУЧ ИЛИ ФРАЗА ЗА ОБНОВУВАЊЕ СО НИКОЈ ИЛИ ГИ СТАВАТЕ ВАШИТЕ КРИПТОВАЛУТИ НА РИЗИК ОД КРАЖБА. Измами од страна на веб-страници и хакери секогаш ќе се обидат да ги уловат вашите приватни клучеви и фрази. Бидете многу претпазливи какви крипто страници прелистувате, какви апликации преземате и со кого комуницирате на интернет.
Приватниот клуч и/или фразата за обновување овозможуваат трошење на салдото зачувано во вашиот паричник кој е поврзан со јавната адреса. Паричниците не бараат да го внесувате вашиот приватен клуч секогаш кога правите трансакции, но бидете свесни дека во позадина, секогаш кога испраќате крипто, вие дигитално потпишувате (или одобрувате) трансакција со вашиот приватен клуч.
Фраза за обновување е низа од 12 или 24 збора („јаболко,глувци, куќа, четири, ден, …“) што ја генерирате кога генерирате паричник без старателство. Кога ќе генерирате „не-старателски“ паричник (BRD , Trust Wallet , GreenAddress) ќе биде побарано од вас да ја запишете фразата за обновување.
„Кога да ја користам фразата за обновување?“ Краткиот одговор е ретко. Ситуации во кои што треба да ја користите фразата за обновување е ако го изгубите или скршите телефонот или хардверскиот паричник каде ги чувате вашите крипто. Ако ја имате фразата за обновување, кога ќе добиете нов телефон или хардверски паричник, преземете ја вашата апликација за крипто-паричник и кликнете „import wallet. “. Тогаш ќе ја внесете фразата за враќање и вашите крипто ќе бидат повторно во ваши раце. Во овој пример, вие дури и не треба да ја запомнете вашата јавна адреса затоа што кога ја внесувате фразата за враќање, ги внесувате јавната адреса и приватен клуч. Всушност, нема ограничување во колку паричници можете да ја внесете фраза за обновување. Можете да видите зошто овие се толку моќни. Ако некој налета на вашата фраза за обновување, тој може да ја внесе во неговиот/нејзиниот паричник и да добие пристап до вашите криптовалути.
Никогаш не чувајте ги вашите приватни клучеви преку интернет страници како Evernote, Google Sheets, итн. Никогаш не правете скриншот од нив. Вашите фрази за обновување треба да бидат запишани и складирани некаде на сигурно каде што никој нема да ги открие. Ако хакер добие пристап до вашата мрежа, “облак” или уред и го наjде вашиот приватен клуч или фразата за враќање во обичен текст, тие можат да го украдат вашето крипто. Во крипто светот, има нула регрес. Тоа значи, дека не можете да се јавите на некого и да побарате вашите крипто да ви бидат вратени. Криптовалутите се „носители на инструменти“ слично како готовината. Ако повлечам 1000 денари од банкомат и некој ми ги украде од џеб, не можам да побарам од банката да ми ги врати назад. Размислувајте за критпотвалутите на сличен начин.
За авторот: Снежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.
Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.
Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.