Зошто децата се наши учители

Често велам дека треба да учиме многу од децата. Тие се подобри инвеститори од нас и сега ќе ви кажам зошто.

На прво место, децата не знаат за лимити, на пример што е скапо а што евтино, што е многу а што е малку. Нивниот ум е отворен. Можеби тоа е и најголемиот предизвик за нас возрасните,  да ги тргнеме сите предрасуди и сите верувања што ги имаме до сега.

Порано зборував дека моите деца имаат многу, но што е многу? Сакам ли да имаат помалку? Не. Сакам да ги ценат работите и да имаат благодарност. Затоа секој нареден пат кога ќе побараат нова играчка не им велам “имате многу, не може или многу е скапа”, туку започнуваме нов предизвик. Земаме нова касичка и почнуваме да собираме пари.

Втората многу важна работа што треба да ја научиме од децата е конзистентност. И најважно од сѐ мотивација. Ќе се изненадите колку доследни можат да бидат децата кога имаат мотивација или уште побитно волја да постигнат некоја цел. Мојот син во тие моменти наеднаш добива многу идеи како да стигне побрзо до пари и најинтересно од сѐ е што му успева. Ќе седне да нацрта цртеж, ќе си го намести креветот или ќе напише сам домашна работа, ќе помогне на некого, се со цел да добие парична награда и да стигне до целта.

За авторотСнежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend