ГАРАНТИРАМ дека ако ја правите оваа ЕДНА работа што трае помалку од 5 или 10 минути дневно, тоа драматично ќе го ПОДОБРИ вашето тргување….

Немам проблем да ја направам оваа гаранција и да се обложам на неа, бидејќи јас лично ја користам и секој успешен трговец што го познавам исто така ја користи….

Што е тоа?

Тоа е збор од 7 букви, кој започнува на буквата Д  и завршува со К.

Дали погодивте?

Да…..Не…Можеби?

Тоа е Дневник. Дневник за тргување.

Еве како јас почнав да го користам мојот Дневник за тргување.

Всушност, кога за прв пат почнав да тргувам, во првата година или две, воопшто не користев дневник за тргување.

Подоцна, решив дека можеби е добра идеја да водам белешки за сделките што ги правев, па така почнав. Секоја вечер земав пенкало и во тетратка запишував некои работи овде-онде за моите резултати од тргувањето и за позициите што ги отварав.

Всушност ОТКРИВ  дека е многу корисно бидејќи почнав да гледам некои обрасци во моето тргување за кои не бев навистина свесена додека тргував.

На пример, една од работите што ја забележав беше дека сделките што ги правев порано во текот на денот имаа многу подобари резултати и поголем % на добивка од оние што ги отварав подоцна во текот на денот.

Ова е само еден пример и подоцна почнав да откривам поинтересни информации за моите сделки и некли модели на однесување за кои до тогаш не бев свесна.

Потоа решив дека ми треба подобар начин за организирање на моите сделки и нивна евиденција и започнав се да запишувам на мојот лап топ, користејќи сторомоден excel извешај и се зачувував во Dropbox за да може дневникот да ми биде достапен од било каде.

И до ден денес, секојдневно одвојувам малку време за да ги анализирам моите сделки и да ги запишам моите размислувања за секоја отворена позиција и да ги евидентирам во мојот дневник за тргување.

Периодично, се навраќам и го прегледувам дневникот.Тоа е исто како да му правите BACKTEST на вашиот процес на размислување. И навистина тоа ми помогна да го ПОДОБРАМ моето тргување.

ЗНАМ ДЕКА ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ И ВАС, АКО ИСТО ГО ПРИМЕНИТЕ.

Можете да пробате со кој било метод кој најдобро одговара за вас. Може да користите тефтер, Microsoft Word, можете да користите онлајн бесплатен софтвер или можете дури и да започнете сопствен бесплатен онлајн блог користејќи WordPress или Blogger.

Но, за што и да се одлучите, САМО ОСИГУРАЈТЕ ДА КОРИСТЕТЕ ЕДЕН.

За авторотСнежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.