DeFi е глобално движење кон отворен финансиски систем со една единствена цел, да се направат работите поправедни, потранспарентни и поискрени.
DeFi или “децентрализирани финансии” се однесува на екосистем составен од финанисиски апликации што се развиваат на база на блокчејн технологија. DeFi може да се дефинира како движење што промовира употреба на децентрализирани мрежи и софтвер со отворен извор за создавање повеќе типови на финансиски услуги и производи.
Тоа што е интересно да се напомене е дека се создава можност да се тргнат посредниците од пазарот и да се ослободат многу пари кои ќе одат во корист на обичниот народ. Замислете си само како со еден клик на вашиот прст можете да направите работи како што се: да земете заем, за заработите пари позајмувајќи ги вашите пари, да инвестирате во акции, обврзниците или било која друга класа на средства, или едноставно да ги депонирате вашите пари на безбедна штедна книшка. И сето тоа можете да го направите на едно место, преку вашиот компјутер или мобилен телефон без да има потреба од посредници и нивните провизии.
Идејата е да се развијат децентрализирани финансиски апликации на основа на транспарентна и доверлива рамка. За да може сето ова да се оствари, DeFi компаниите издаваат монети како начин да се инвестира во нивните технологии и апликации.
Многу од овие монети веќе имаат достигнато над 1.000% пораст на цената. Заслужува внимание да ги спомнеме AAVE, MKR, UNI, LINK, COMP кои сметам дека ќе продолжат да растат како и многу други кои се одлична можност за инвестирање. Така на пример, ако пред 8 месеци сте вложиле 500 евра во некоја од овие коини до сега ќе имавте заработено 500.000 евра.
Тоа што го прави крипто пазарот да се развива многу брзо е неговата достапност и можност секој да влезе во него без да има минимална сума кој е потребна за да се инвестира во него. Сега се нуди можност и на обичниот народ да стане дел од едне поголем тред кој допрва ќе го смени светот во поглед на тоа како ќе плаќаме, инвестираме во хартии од вреднос, начинот на кој ќе го чуваме својот капитал.
За крај, сакам да напоменам дека како и при секоја инвестиција и тука постојат ризици кои треба да се земат во предвид пред да одлучите да рипнете во тавче. Допрва ќе се појавуваат нови алкоини во кои ќе можете да инвестирате, но не сите ќе имаат цврст проект позади нив. Постојат и таканаречени “shitcoins” и измами кои може да ве доведат до загуба на вашата инвестиција. Затоа, советувам добро да се информирате пред да донесете било каква одлука.
За авторот: Снежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.
Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.
Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.