AutoNation, Inc., тикер AN се занимава со обезбедување на автомобилски производи и услуги. Работи преку следните сегменти: Домашен сегмент, Увоз, Премиум луксуз и Корпоративен сектор.

AutoNation вчера објави рекордна заработка, затварајќи го тргувањето за денот под 1% од нејзиниот најголем врв. Дали прогнозата е за нови издугнувања на цената? Погледнете го прегледот подолу.

AutoNation вчера објави рекордна квартална заработка на сите времиња. 🏆 🏆 Компанијата предвидува постојана побарувачка за нови автомобили до 2022 година.

Заработка по акција (EPS): $4,83 наспроти $2,85.
Приходи (Rev.): 7 милијарди долари, + 54% годишно (YoY)

Ако го погледнеме графиконот, јасно можеме да увидиме дека имаме силен нагорен тренд кој има голема веројатност да продолжи. Сите технични индикатори имаат позитивни читања. Вчерашниот пробив на цената е потврден со зголемен обем на тргување кое ни дава позитивна конфирмација дека пробивот не е лажен. Индексот RSI(14) е во позитивна територија и има простор за уште сила за движење на цената нагоре. На релативна основа, компанијата наоѓа сила и во однос на индустрискиот сектор и во однос на берзанскиот индек S&P. Останува да ја набљудуваме компанијата и да видиме дали цената ќе се задржи на ниво над 97 долари  кое е одлична можност за отврање на долга позиција со прв таргет ококу 145 долари.

“Let the trend be your friend

За авторотСнежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.