Да се инвестира не е едноставно. Да беше лесно, тогаш сите ќе бевме добри во тоа. Инвестирањето е вештина како секоја друга работа, а за која е потребно пред се дисциплина. Потребно е да се надминат личните емоции, потребна е конзистентност и секако ментална цврстина.

Кога станува збор за инвестирање на финансиските пазари, најпрво што треба да научиме е дека не се работи за политиката на Народна банка против нас, ниту пак за новата варијанта на вирусот “омикрон” против нас, ниту пак некаква чудна конспирација против нас… Овде сме сами против себе!

https://faktor.mk/vo-investiranjeto-sme-sami-protiv-sebe-mojot-svet-vodich