Видови на паричници- Втор дел

Постојат неколку различни начини за чување на вашите крипто. Вашиот дигитален паричник е патот преку кој комуницирате со вашите криптовалути. Постојат два вида на паричници: со старателство и без старателство. Исто така тие се поделени на софтверски паричници и хардверски паричници. Подолу е дадена табела која ќе ви помогне да изберете кој е вистинскиот паричник за вас според категоријата во која спаѓаат.

Општо земено, хардверските паричници се најбезбедни, а потоа следат софтверски паричници без старателство, па софтверски парилници со старателство. Тоа рангирање исто така е направено врз основа на тоа колку е тешко да се користат паричниците. Компаниите што нудат паричници со старателство се многу едноставни за користење, но вие се изложувате на поголем ризик со тоа што ќе го намалите етосот на криптото, што треба да ги контролира вашите пари, што значи да ги контролира вашите приватни клучеви! Сите хардверски паричници се не-старателски, но не и сите софтверски паричници.

Софтверски паричник доаѓа во форма на апликација што ја инсталирате на вашиот телефон, компјутер или прелистувач. Хардверски паричник  е уред што личи на USB диск и не е поврзан со интернет. Тој ги зачувува вашите приватни клучеви во безбеден елемент. Исто така, се нарекува “cold storage”. Тоа значи дека вие треба да го поврзете хардверскиот паричник со вашиот компјутер или телефон преку “Bluetooth”.

Старателство подразбира трета компанија да ги контролира вашите приватни клучеви. Ако се пробијат, тоа значи дека вие може да ги изгубите вашите криптовалути. АКО НЕ СЕ ВАШИ ПРИВАТНИТЕ КЛУЧЕВИ, НЕ СЕ ВАШИ НИ КРИПТОВАЛУТИТЕ. Надвор од заканата од хакерство, на пример, чуварите на клучеви може да имаат средства замрзнати со судски налог и тие ќе мора да се придржуваат до тоа барање согласно  спроведување на законот. Или, базата на податоци на чуварот на имот може да работи неправилно и тие ќе мора да го рестартираат нивниот систем. Тоа може да доведе да го изгубите пристапот до вашите средства за време на ситуации како овие  на неопределено време или трајно. Сепак, компаниите за старателство обично имаат поддршка за корисници па затоа е компромис. Важно е тука да се напомене дека ако/кога испраќате крипто за да тргувате на централизирана менувачница, тие дејствуваат како чувар на имот или старател. Децентрализираните менувачници (DEX) како Switcheo, Bancor или IDEX ви овозможуваат да тргувате со други луѓе, додека никогаш не ве присилуваат да се откажете од контролата врз приватните клучеви. DEX се без старателство. Не-старателство значи дека вие создавате сопствени приватени клучеви и фраза за обновување и сте во целосна контрола на вашите криптовалути. Ако давателот на паричник се пробие, вашите крипто не се изложени на ризик. Ако давателот на паричник престане да постои еден ден, фразата за обновување може да ја однесете во друг паричник и да ја префрлите таму за целосен пристап до вашите криптовалути.

Оваа табела подолу ги прикажува категориите во кои спаѓа секој паричник. Има стотици, можеби илјадници на располагање паричници. Сите тие имаат свои добри и лоши страни, па затоа проверете дали сте направиле темелно истражување пред да одлучите кој паричник да го користите. Исто така, проверете дали ги поддржува криптовалутите коишто сакате да ги чувате.Паричниците секогаш додаваат поддршка за нови криптовалути.

Понатака, чувајте неколку рачно напишани копии од секоја ваша фраза за обновување (колку повеќе паричници имате генерирано, толку повеќе фрази за обновување ќе генерирате). Повеќе криптовалути  се изгубени отколку украдени. Можете да чувате копија во сеф до кој имате само физички клучеви. Ако имате огромно богатство, растурете го во различни паричници. Друг дополнителен совет е да го поделите вашиот приватен клуч и да ги чувате одделните делови од вашите приватни клучеви на различни локации и даватели на услуги за зачувување на вашите криптовалути. Половина клуч тука, половина клуч таму.
Дополнителен совет е да користите компјутер (или телефон) кој е наменет само за чување и коритење со вашите криптовалути. Чувајте го исклучен освен ако не треба да пристапите до вашите криптовалути. Чувајте ја безбедноста  ажурирана.
Наместо компјутер со Windows, користењето на Linux е силно препорачливо, не затоа што не може да биде пробиен но затоа што вирусите се скоро непостоечки. Начинот на кој Windows е конструиран е сосема поинаков и многу полесно е да се “украде” цел компјутер или хард диск. Иако не е невозможно да се направи истото со Linux, за него е потребна комплетно различна вештина за да се случи тоа. Ако не сте запознати со Linux, започнете со Ubuntu Linux. Тој е прилично леснен и има многу помош и видеа со упатства кои можете да ги најдете онлајн. Ако тоа е премногу работа за вас и повеќе би сакале да го решите проблемот со трошење на пари, можете да си купите Mac. Тој е скоро исто толку добар и безбеден.
На сите менувачници и паричници, секогаш користете автентикација со два фактори (2FA). Избегнувајте СМС 2FA во корист на Google Authenticator. Понекогаш е потребно и овластување преку е-мајл пошта. Бидете сигурни дека често ги менувате вашите лозинки. Без оглед на вашиот избор на паричник, паметно е да имате барем еден „паричник за трошење“ и еден долгорочен „паричник за чување“. Ова обезбедува дополнителен слој на заштита против измами, лажни размени, “SIM swaps”, и неколку други видови провали. Сигурно сте ја слушнале поговорката “
Никогаш не ги чувајте сите ваши јајца во една корпа.Најдобри практики за безбедност


За авторот
Снежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend