Пред некој ден бев прашана што мислам за акцијата на EXXON MOBIL. Поточно дали е сега добар момент за купување. На графиконот сигналите се малку измешани. Ќе започнам прво со дневниот графикон.
Се чини дека цената на акцијата го формираше своето дно на цена 95. Моментално тоа е нашата линија на поддрша и клучно ниво кое треба да го следиме. Цената моментално се наоѓа над облакот, НО сеуште немаме конфирмација од lagging линијата.
На следниот графикон е прикажана цената на една часовна рамка.
Тука сликата изгледа малку подобро. Цената се наоѓа во нагорен тренд. Tоа што може да очекуваме во наредните неколку дена е корекција до 103, кое претставува 0,618 фибоначи ниво на корекција и претставува можност за отварање на долга позиција. Анализата на графиконот ни покажува прв таргет 108. Risk/reward е 1:3.
Запомнете: Сликата може да се промени. Не заборавајте да ги набљудувате графиконите.
Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција според вашата финансиска состојба.