Минатата недела еден од позначајните извештаи за инсајдерски трансакции е поднесувањето на Образец 4 кој повторно доаѓа од Беркшир Хатавеј на Ворен Бафет $BRK.A за Occidental Petroleum $OXY. Occidental Petroleum Corp. се занимава со истражување и производство на нафта и природен гас. На 27ми март , Бафет откри дополнително купување на акции на OXY во вредност од околу 216 милиони долари.

Да го погледнеме неделниот графиконот на OXY. Се додека цената се наоѓа над $50 можеме да размислуваме за отворање на долга позиција и да ја поседуваме оваа акција. OXY од своите највисоки ценовни врвови прави корекција точно до 0,786 според низата на Фибоначи броеви достигајќи цена $55 која истовремено е линија на поддршка. Оттука успева да се придвижи повисоко и  повисоки издигнувања. Прв таргет кој го очекуваме е тестирање своите претходни врвови и оттука пробив и следен таргет $90 .