Ако се обидувам да најдам фундаментална  оправнадост за порастот на акциите, веројатно нема да ја најдам. Но, убавината на техничката анализа е токму во тоа што на нас, техничарите, нѐ интересира само цената  зашто таа е единствената вистина. Пазарот секогаш знае нешто што ние не го знаеме и тоа е рефлектирано во цената.

Со падот на каматните стапки во САД на најниско ниво од третиот квартал од минатата година,  дојде повторно до побаравучка на акции од технолошкиот сектор. Оптимизмот продолжува да владее додека технолошкиот индекс Nasdaq ги предводи акциите нагоре, достигнувајќи највисоки ценовни врвови во последните седум месеци.

Од следниот графикон можеме да забележиме  релативна сила на growth насптроти value акциите со помала пазарна капитализација.  И сето ова е поттикнато од каматните стапки. 

Дури и да не тргувате со обврзници, секој трговец или инвестирот треба да го земе во предвид пазарот на обврзници и да ја анализира корелацијата со останатите класи на средства. Очигледно пазарот на обврзници има нешто да ни каже. Што мислите вие?