Летото е пред нас, а енергетскиот производител на пијалоци Celsius Holdings Inc., тикер CELH, веќе има принос од 46% од почеток на годината, а само оваа недела достигна 12%. Компанијата Celsius Holdings, Inc. се занимава со развој, маркетинг, продажба и дистрибуција на пијалоци што согоруваат калории. Таа нуди најразлични вкусови, како портокал, грејфрут, ананас, лубеница и многу други. Компанијата е основана во април 2004 година и е со седиште во Бока Ратон, Флорида.

Акцијата достигна историски највисоко ниво и доколку се задржи над 72 долари, можеме да очекуваме следен таргет да биде околку 117 долари. Читањето на техничките индикатори се позитивни. Индексот RSI (14)  е во позитвина територија и ако го погледнеме историски наназад, ќе забележиме дека има уште простор за пораст. Останува да го следиме ценовното движење на акцијата и да видиме дали пробивот не е лажен – bull trap за кое ни е потребна конфирмација и да имаме барем две последователни затварања на денот со повисока цена од претходно. Во дополнување, кое оди во прилог на нашата анализа е ротација на секторите и гледаме подобрување на релативната сила и интензитет на секторот Consumer Staples во однос на берзанскиот индекс S&P 500. Акцијата има релативна сила и во однос на индустрискиот сектор во кој спаѓа – Soft Drinks и во однос на берзанскиот индек на акции S&P 500.

За авторотСнежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.