Да резимираме и да ве подготвиме за скратената недела што следи. 📝

Акциите ја продолжија својата победничка серија додека ФЕД го паузираше зголемувањето на каматната стапка, но го задржаа тонот за ново зголемување до крајот на годината. 👀

Што се случуваше?

🐂 Берзата продолжува со порастот, при што Nasdaq 100 расте осма недела по ред. ЕТФ-от од технолошкиот сектор се наоѓа на највисоките нивоа на сите времиња кој се должи на технолошките акции со мега пазарна капитализација и акциите на полупровници.

⏯️ Инфлацијата во САД мерена со CPI и PPI продолжува да се намалува, иако основните вредности остануваат покачени и “sticky”. И покрај тоа, Банката на федерални резерви беше доволно среќна со напредокот за да го „прескокне“ овомесечното зголемување на каматнaта стапкa, но сигнализираше дека очекува уште две зголемувања пред крајот на 2023 година. Во меѓувреме, американската економија продолжува да брмчи.

🥙 Иницијалната јавна понуда на CAVA имаше цена над очекуваниот опсег и двојно се зголеми на првиот ден од тргувањето, означувајќи го првиот значаен апетит за нови понуди за повеќе од една година.

₿ Американската Комисија за хартии од вредност (SEC) и понатаму е на удар на критики бидејќи законодавците го гаѓаат Gary Gensler.  Во меѓувреме, најголемиот портфолио менаџер во светот, BlackRock, чувствува дека го пробил кодот за да добие одобрение за Spot Bitcoin ETF.

Минатата година најголемиот портфолио менаџер во светот, BlackRock, лансираше спот биткоин приватен фонд  за институционални клиенти во САД. Минатата недела се обидуде да им ја донесе таа изложеност на секојдневните инвеститори преку Bitcoin ETF, и покрај тоа што Комисијата за хартии од вредност (SEC) ги запре сите нивни претходни обиди. 🛑

Еве ги цените за затворање:

S&P 500

4,410

+2.58%

Nasdaq

13,690

+3.25%

Russell 2000

1,875.47

+0.12%

Dow Jones

34,299

+1.25%