Ако НАВИСТИНА сте сериозни да преземете контрола врз вашето тргување, тогаш мора да започнете со развивање на план за тргување.

Зошто ви треба план за тргување? 

Да претпоставиме дека сакате да започнете некој мал сопствен бизнис, на пример да отворите продавница за домашни миленици во вашиот град. Пред да започнете, треба да одговорите на неколку основни прашања како: Која е вашата конкуренција? Кои производи ќе ги продавате? Колку вработени ќе ви требаат? Колку пари ќе ви требаат за да ја отворите продавницата? Од каде ќе ги набавувате производите и ред други прашања на кои ќе треба да напишете одговори.

Ова изгледа едноставно и логично, и тука нема дилема зошто би го спореле. Но, поради некоја чудна причина, кога почнуваме да зборуваме за составување на план за тргување на берзата, тоа изгледа како непотребна задача.

Нели?

Тргувањето е бизнис и мора да почнете да го третирате така.

Вашиот план за тргување не мора да биде како теза за магистерски труд.  Може да се сумира дури и на една или две страници. Но, во најмала рака, треба да го содржи слeдното:

На која временска рамка и со кои класи на средства ќе тргувам?

Која е мојата стратегија за отварање на позиција?

Како ќе го одредам мојот лимит за загуба – stop loss?

Како ќе ја одредам мојата цел?

Кој е мојот максималниот износ што сум спремен/а да го ризикувам?

Колку мини лотови или лотови ќе тргувам?

 Ова се само основните компоненти на планот за тргување со кои мора да започнете и да имате одговорено, со други зборови горенаведеното да ви биде кристално јасно пред да започнете било какво тргување.

Во спротивно, дококу немате однапред дефинирано цврсти правилa по кои кои ќе се раководите за време на тргувањето, едноставно чекате да се случи ликвидација на вашата сметка и правите непотребни грешки.

Тоа може да се избегне.

Тргувањето НЕ Е толку лесно за почеток. Зошто да си ја отежнувате работата?

Научете да бидете подготвени за неочекуваното бидејќи непредвидени работи ќе се случат, единственото прашање е дали ќе бидете подготвени кога ќе се случат.