Еден од индикаторите за сентимент – расположение кај инвесторите е соодносот на кол/пут опциите за акции ($CPCE). Како што се зголемува броот на трговци на мало кои имаат мечешки, негативен поглед за движењето на акциите, се зголемува бројот на купени пут наспроти кол опции, односно CPCE се зголемува кое може да се забележи од графиконот во прилог. Па така, кога тој достигнува до своето највисоко ниво, почнува да се спушта пониско бидејќи веќе нема продавачи. Кога се случувата тоа на пазарот, берзанскиот индекс на акции S&P 500 ги прави најголемите добивки во историјата. Ако го погледнете графиконот, можете да забележите дека секој пат кога 253-дневниот подвижен просек на CPCE ќе се искачи нагоре, следи значително зголемување кај S&P 500.

 

Моментално се наоѓаме на крстопат и консенсузот кај повеќето инвеститори е дека очекуваат од овде неуспех кај S&P500, неможност да постигне нови издигнувања, но наместо тоа може да се случи токму спротивното, и да видиме пресврт.

Што мислите Вие?