Инвестирајте во себе и во својата иднина

Во последно време тоа што лично мене многу ме интересира е био-хакинг, наука за оптимизирање на перформасите на телото и умот преку биолошки корекции. Иако на прв поглед може да ви звучи како нешто супер комплицирано, во основа претставува желба како да станете подобра верзија од себе. Разликата помеѓу био-хакерот и останатиот дел од светот кој се стреми кон самоусовршување е системскиот пристап на размислување за сопствената биологија.

Можностите се безбројни, од високо-технолошко лабораториски експерименти како да пример промена на сопствената биологија со пумпање на помлада крв во вашите вени до домашни проекти и голем број на можности кои можете да ги применувате во вашата секојдневна рутина како што се следење на сопствениот сон, повремен пост, медитација, туширање со ладна вода и многу други.

Според Dave Asprey, познатот биохакер кој ја создаде компанијата за суплементи Bulletproof, биохакингот е „уметност и наука за промена на околината околу тебе и внатре во тебе, така што ќе имаш целосна контрола врз сопствената биологија“.

Ние, како човечки суштества сме комплексни системи. Тоа што го внесуваме во нас влијае на тоа што излегува од нас како што се нашето однесување, нашето здравје и нашите перформанси во сите области од животот. Ако сакаме подобри крајни резултати – да имаме повеќе енергија и фокус, да бидеме отпорни на болести, да имаме подобра меморија, да имаме оптимални перформанси во бизнисот и кариерата, тогаш треба да ги измениме работите што му ги даваме на телото и умот за да постигнеме резултатит во наша корист.

Како е тоа поврзано со инвестирањето? Хронолошката старост е неповратна и претставува бројот на години што човекот е жив. Освен хронолошка старост, постои и биолошка старост и таа можете да ја менувате. Ако веќе постои начин преку кој можете да инвестирате во себе и да ја хакирате биолошката старост за да живеете подолго и поздраво (и да изгледате помлади) треба да започнете да мислите и на вашата финансиска иднина и како да обезбедите повеќе финансиски средства за деновите после пензионирање.

Прв чекор за да ја осигурате иднината што ја посакувате е да станете свесни за сопствените пари и за можностите кои ви се нудат. Избор секогаш има, но прво ги креирате вашите навиките, а потоа тие го креираат вашиот живот. Финансиската едукација и личните финансии треба да станат навика на секој поединец. Со тек на време, колку повеќе учите, толку повеќе станувате посигурни и порешителни да донесувате инвестициски одлуки кои ќе ви овозможат живот каков што сакате. Се што треба е да имате трпеливост и дисциплина.

Пензија плус, зошто да не. Колку сте запознаени со придобивките што ги нуди доброволниот пензиски фонд?

Почнете уште од денеска. Информирајте се и креирајте ја иднината што ја посакувате.

За авторотСнежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.

 

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend