Ако сакате да започнете да инвестирате во акции, “блу чип компаниите” се одлично почетно место за вас. Акциите на овие компании се веќе широко познати во јавноста и лесно препознатливи, со што полесно започнува процесот на нивното анализирање.

КАКО МОЖЕ ДА КУПИТЕ “БЛУ ЧИП” АКЦИИ?

Ако барате да купите акции од “Блу чип компании” имате неколку опции. Во прилог ви претставуваме три начини како може да купите акции од врвните компании во Соединeти држави:
1. Да купите индивидуални “блу чип” акции.
2. Да го купите целиот индекс “Dow” преку индексен фонд.
3. Да купите индексен фонд кој е варијација на индексот “Dow”.

Ако се одлучите за првата опција, можете да купите било кои индивидуални акции од индексот “Dow” исто како и сите други акции. Иако тие представуваат стабилни компании, кои се веќе докажани на пазарот, сепак потребно е нивно следење и анализирање на нивниот иден потенцијал и развој. Како последица на лоши берзански вести или во време на рецесија, дури и најдобрите компании од време на време имаат надолен тренд и движење на цената и потребно е добро да бидете спремни и да можете да ги издржите тие ценови движења пред да продолжи цената на компанијата да расте.

Втората опција за поседување на акции “блу чип” е особено прифатлива за вас, поновите инвеститори, кога имате ограничено знаење или кога немате доволно време за правење на анализа на пазарот и на поеднинечните компании. Тоа е и поевтина опција отколку обидот да се купи секоја акција посебно и исто така е многу поудобно.
Можете да купите ЕТФ индексен фонд заснован на индексот “Dow” . Најпознат е SPDR Dow Jones Industrial Average ETF (NYSEMKT: DIA).

Третата опција е да купите модифициран индекс заснован на “Dow Jones Industrial “. Тој фонд ќе ги содржи истите 30 акции, но во различна пропорција од главниот индекс со цел да постигне подобар принос за своите инвеститори.