Во 2012 година, двајца научници откриле метод за уредување на геном, наречен CRISPR-Cas9. Уредувањето на гени CRISPR е природна алатка која им овозможува на научниците да уредуваат, бришат и генерираат нови нишки на ДНК. Минатата година, помалку од една деценија од откритието, двајцата научници кои го открија добија Нобелова награда. Па така, они ја носат својата генска револуција на пазарите веќе некое време.

Овој викенд, Doudna’s Intellia Therapeutics објави дека користела CRISPR за уредување на гените во телото (in-vivo). Intellia е една од трите водечки компании на „CRISPR“ на пазарот, заедно со CRISPR Therapyics и Editas Medicine. Сите три се зголемија повеќе од двојно минатата година, делумно поради големиот приливот од Кети Вуд, ARK Genomic Revolution ETF.

Нашиот избор на акција за оваа недела е токму CRISPR Therapeutics AG. 

Од неделниот графикон погоре можеме да забележиме дека корекцијата на акцијата најверојатно е завршена на 0,618 од фибоначи низата. Цената прави пробив на линијата на отпор која се наоѓа околу $137 и доколку ова ценовно ниво стане новата линија на поддршка можеме да отвориме долга позиција со таргет $220.

На дневниот графикон имаме повторно конфирмација и пробив на линијата на отпор после некоку месеци консолидација кое ни дава поткрепа на нашата анализа.

Доколку терапиите со CRISPR продолжат да успеваат во испитувањата и на крајот да им се овозможат на пациентите, тоа би можело да се вброи во едно од најзначајните откритија во историјата на човештвото.

За авторотСнежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.