Во услови на нестабилност на пазарот, кој се наоѓа на раскрсница, една од темите на разговор помеѓу техничарите и трејдерите е токму 200 дневниот подвижен просек (200 day MA).

Можеби ова е еден од најдискутираните технички индикатори, па затоа во прилог едно кратко објаснување на истиот. Како технички аналитичари, подвижните просеци ги користиме со цел да ја ирамниме цената и да го дефинираме трендот во временската рамка која што ја анализираме.  За поеднаставување на работите, кога цените се наоѓаат над индикаторот, тоа најчесто се гледа како позитивен знак односно дека трендот е нагоре. Сптотивно на тоа, кога цените се под индикаторот, тоа најчесто се смета дека имаме надолен тренд. Аналитичарите кои се заинтересирани да го следат долгорочниот тренд на средството, често го користат 200 дневниот подвижен просек. Па така, изминативе неколку дена, на радар на инвесторите беше берзанскиот индекс на акции S&P 500 којшто се тргуваше точн околу својот 200-дневен подвижен просек.

Како што можеме да видиме од графиконот, трендот на S&P 500 се израмни по падот од месец мај од минатата година. Според тврдењето на “биковите”, ова е сигнал според кој може да очекуваме промена на трендот.  Од друга страна, “мечките” притискаат и велат дека цените се намалуваат околу овој индикатор веќе неколку месеци, при што пазарот не може да одлучи за насоката.

Дали овие показатели имаат некаква статистичка тежина или не, жестоко се дебатира и до ден денес.  Како и со повеќето алатки и иникатори  за анализа на пазарот, секој има свое толкување за тоа како треба и како не треба да се користат.

Според  индикаторот, “биковите” повторно  се вратија на пазарот, посочувајќи дека пазарот нагло се промени откако наиде на овој индикатор минатата недела.  Како резултат на тоа, некои го користат како своја линија на поддрша за пазарот. Ако цените останат над него, тогаш тоа е знак за нагоре. А ако цените паѓаат под него, тогаш тоа е знак за надоле.

Тоа што ни преостанува е да видиме што ќе се случи оттука. Едно е јасно, а тоа е дека учесниците на пазарот внимателно ќе го следат овоја индикатор во наредните неколку недели. 👀