Дали “Омикрон” влијае врз глобалниот раст?

Иако малку се знае за варијантата Омикрон, од искуството со минатите бранови на Ковид можеме да очекувамне да го забави глабалниот раст, но не и да го попречи. Лошата вест е дека може да го одложи нормализирањето на глобалните синџири на снабдување и на инфлацијата.

Како реагираа берзите на вестта за новата варијанта на Омикрон?

Да го погледнеме прво графиконот на берзанскиот иднекс на акции S&P 500.

Берзите секако не останаа имуни на вестите за новата варијанта на вирусот и во изминатите две недели имавме тргување во надолна линија и затварање на цените во негативна територија.  Берзанскиот индекс на акции S&P 500, кој ги следи перформансите на најголемите 500 компании во САД имаше пад од 5% од својите највисоки ценовни издигнувања. Но, тоа што можеме да забележиме ако го погледнеме графиконот, ако индексот успее да се задржи над $4500, корекцијата најверојатно e завршена и најлошото е зад нас. Ова ценовно ниво претставува и многу значајно ниво на поддршка, кое ако биде пробиено може да очекуваме многу подлабока корекција и евентуално промена на трендот. Корекцијата застана точно на 0,50% Fibonacci Retracement  од последниот бран нагоре од каде имаме повтрно продолжување на трендот нагоре и цената повротно се наоѓа на 50 day МА. Првата конфирмација дека сеуште сме во позитивен, нагоред тренд е пробив над $4700 и првиот таргет што можеме да гоочекуваме е околу $5000.

Секогаш кога правиме анализа се обидуваме да собереме што повеќе докази со цел да донесеме  инвестициски одлуки и да бидеме на правата страна од трендот. На следниот графикон се прикажани индексите Dow Jones Industrial Average и Dow Jones Transpiration Average.

Oстанува да видиме од графиконот погоре дали индексот DJIA ќе се задржи над $34,000 и дали индексот DJTA над $16.000 во поткрепа на нашата анализа.

Не помалку различна е сликата во Европа, кај берзанскиот индекс DAX и UK 100.

Месец декември започна. Ни останува будно да ги следиме движењата на финансиските пазари и да видиме дали пазарите се спремни за “Santa Claus Rally” и дали можеме да очекуваме нови ценовни издигнувања на берзите.

За авторотСнежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend