Биковите на Биткоин повтортно се враќаат во деловна активност, но алткоините можеби сеуште се под мал притисок оваа недела.

Во неделата вечер Биткоинот се искачи за 15% од 35,000 $ до 40,000 $ за само 3 часа. Ова беше поттикнато од големиот број на ликвидации главно на Binance, каде што фјучерс договорите со маргина со USDT ги истиснаа од пазарот продавачите на кратки позиции до 48.000 УСД додека тргувањето со Биткоин на спот пазар беше на 40.000 УСД!

Според податоците од AlCoin, во кулминациската последна минута од истиснувањето и ликвидацијата на пазарот, BInance реализираше 146.500 нарачки за тргување и 19.087 трансакции.

Според податоците на Bybt.com, вредноста на кратките позиции што беа ликвидирани изнесува 1 милијарда долари! Ова е најголемата ликвидација на кратки позции оваа година и е одличен знак дека времето на мечките истекува.

Во поддрпшка на биковите е и анализата која кажува дека одржливостта на негативните стапки на финансирање беа јасно индикативни за кратката поптпора на ова натрупување. Тоа, заедно со фактот дека Биткоинот и многу договори за фјучерси со алткоини беа во беквардација, значеа дека пазарот е премногу мечешки и во многу ранлива позиција.

На ист начин како што биковите беа казнети и бутнати надолу зошто беа премногу алчни, на мечките кои се обложуваа на 20.000 долари им се случи истото и нивните сметки се ликвидираа.

Ова кратко истиснување од пазарот е уште еден показател и се чини дека формирано е дно. Тоа значи дека можеме да се чуствуваме поудобно и полека да почнеме да ја зголемуваме изложеноста најпрво назад во Биткоин, а потоа во алткоини со голема пазарна капитализација, па со средна и така натаму, со цел да го намалиме спектарот на ризици.

Ако го користите Tradinglite.com, можете да приметите дека нарачката за купување почнува да станува прилично агресивна и длабока на менувачниците на спот пазарот.

Во дополнување, aнализата од изминатата недела ме наведува да верувам дека корекцијата на Биткоинот во голема мера е завршена и генерално е време да се започне со скалирање назад во долги позиции. Сметам дека поради доминацијата на Биткоинот која расте со брзо темпо, алткоините може да бидат малку во неволја кога ќе се споредат со Биткоинот.

Можеби најдобриот потег ќе биде, ако сега се почне да се инвестира и се зголемува концетрацијата и изложеноста кон Биткоинот наместо кон алткоините и да започнете да купувате со вашите пари, полека – без FOMO!  Поставете ги вашите налози и трпеливо “преговарајте” за цената што сте подготвени да ја платите. Потоа почекајте пазарот да ја погоди вашата цена и да ја реализира нарачката.

Запомнете дека ова е крајно волатилен пазар и не е некарактеристично овие крипто средства да паднат или да скокнат 10-15% за неколку минути!

За авторотСнежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.