Следните веб-страници се поврзани со техничка анализа и се од голема важност за секој аналитичар.

Една од најдобрите платформи на интернет за веб-графикони за пазарите во САД и Канада. Нуди многу индикатори, опција за прикажување на цените во реално време, можност за анотација и цртање на графиконите и многу други опции.

Овој софтвер е наменет за експерти. Ако другите програми и веб-страници ви понудат ограничена количина индикатори и приклучоци, Optuma има  бесконечна библиотека на можности.

Лесен и интуитивен за почетници, и доволно моќен за напредни графички аналитичари. ТradingView ги нуди сите алатки за графикони што ви се потребни за споделување и прегледување на идеи за тргување.

Koyfin  е платформа која нуди финансиски податоци на широк спектран на инструменти и пазари и алатки за анализа за истражување на акциите и разбирање на трендовите на пазарот.

Оваа страница има моќен прелистувач (технички/фундаментален), како и можност за изнаоѓање на претходно поставени ценовни образци на графиконите како што се триаголници, тренд линии и друго со само еден клик.