Кој сме ние

Инвест Поинт претставува млада компанија која е основана од страна на искусни сертифицирани професионалци во областа на финансиските пазари и инвестициите со цел да понуди веб платформа на која на едно место може да се најдат сите информации и можности за инвестирање. Од настани и вести што го движат пазарот па се до клучни сознанија за однесувањето на пазарите.

Со растењето на финансиските пазари на кои сега доминираат автоматско тргување, напредни алгоритми и најновите случувања во учењето на вештачка интелигенција и машинско учење, се шири јазот помеѓу рационалниот инвеститор и пазарите. Финансиското образование е сржта на економијата во едно општество кое ги канализира инвестициите во вистинската насока. Наша цел е да го донесеме тоа највисоко ниво на образование и во земјата, што е дизајнирано од луѓе со светски реномирана повелба во областа на управување со портфолија, управување со ризици и техничка анализа.

 

Иницијаторот и главна личност зад проектот е Снежана Поповска, дипломиран економист, сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association ( Aсоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Голем дел од вредноста на Инвест Поинт го препишуваме на нашата способност да останеме фокусирани на нашите читатели и на внимателен пристап кон интеграција на читателот во светот на ИнвестПоинт, берзанското работење и инвестициите – градење на заедница е во срцето на тоа што ние го правиме. Тоа што не прави поразлични е желбата и посветеноста преку забавни и инспиративни текстови да ги едуцираме и инспирираме нашите читатели да станат свесни за своите можности и похрабри во донесување на инвестициски одлуки.

 

Нашата мисија е да обезбедиме подобра иднина за секого преку нудење на најразлични идеи и решенија во областа на инвестициите. Ова го постигнуваме преку нашата платформа за инвестиции од која секој може да има корист.

Нашата визија е да бидеме доверлив партнер за нашите клиенти и почитуван лидер во областа на едукацијата и образованието за тоа како безбедно и ефикасно да се инвестира на берзата.

 

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend