sketches.FASHION прв македонски стартап со потенцијал да прерасне во најголем јуникорн проект на балканот

СКОПЈЕ, 30 Мај 2022 година – Во организација на друштвото НЕТВОРКЕР од Скопје за време на викендот македонски презентери на идеи, стартапи и проекти го срушија Гинисовиот рекорд за најдолгата презентација во светот на бизнис идеите пред инвеститори.

Новоформираната Асоцијација за поддршка и развој на иновации и промоција на инвестиции во проекти со блокчејн технологии “КОН МЕСЕЧИНАТА” Скопје го поддржа настанот со својот прв стартап проект базиран на блокчејн технологија наменет за модната индустрија кој како тим лидер и носител на проектот го промовираше и презентираше македонската инфлуенсерка и претприемач Антонија Локвенец.

Проектот претставува платформа која ја спојува модната индустрија со новините кои ги носи блокчејн технологијата и бенефитите од т.н. НФТ непроменливи токени (eng. NFT – Non fungible tokens) и им овозможува на младите и останатите модни дизајнери да најдат корисници, партнери и инвеститори за нивните идеи и креации односно скици за нивна реализација во крајни физички производи и понатамошна онлајн продажба.

Во конкуренција од повеќе од 130 пријавени стартапи, идеи и проекти, презентацијата е рангирана во првите 10, а целокупната идеја и платформа е вреднувана со енормен глобален потенцијал која има можност да постане првиот македонски јуникор (eng. unicorn) стартап проект кој би можел со негова правилна и солидна инвестициска поддршка и брза комерцијализација да постигне вредност поголема и од една милијарда долари!

Во наредните денови Асоцијацијата КОН МЕСЕЧИНАТА ќе организира прес конференција каде ќе го претстави на јавноста стартап проектот и ќе го најави првиот регионален настан што ќе го организира за промоција и едукација за користење на платформата пред младите балкански дизајнери, инвеститори, партнери и останатите друштва и поединци инволвирани во и со модната индустрија!

КОМУНИКАЦИЈАТА СО МЕДИУМИ И НОВИНАРИ

Александар Тасевски, Секретар на асоцијацијата

АСОЦИЈАЦИЈА “КОН МЕСЕЧИНАТА” 

Стив Наумов 102Д, Скопје

[M] 076-915715

[E] 2themoon.org@gmail.com

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend