Во изминатите текстови, пишував за потеклото и историјата на НФТ и како оваа индустрија се развива денес. Иако технологијата не е многу нова (бидејќи е создадена пред половина деценија), дури сега гледаме како овој сектор како се развива.
Многу популарната апликација за социјални медиуми, TikTok, штотуку најави интеграција со музичка NFT платформа наречена Audius (симбол на тикер AUDIO). Коинот порасна за 86% веднаш по објавата. За тие што немаат токени сметам дека овој бран ќе предизвика уште поголем нагорен тренд и сите корекции се одлична можност за купување.
Овој развој фундаментално ја зголемува вредноста на овој проект и ако цените малку се намалат би можеле да размислуваме за отварање на долги позиции! Од анализата на графиконот, постои добро ценово ниво на кое можете да поставите нарачки за купување и трпеливо да чекате да дојде цената до таму, во близина на секундарната точка за контрола на обемот, која почнува да се формира околу $2,25.
Како што трендот не НФТ станува попопуларен, програмерите ќе продолжат да ја користат оваа технологијата за да ги развијат сегашните индустрии, како и да ги трансформираат оние што сеуште не се револуционизирани.
Еден од најдоминантните трендови во НФТ секторот е вклучувањето во индустријата за видео игри, и иако веќе се покажа како корисна и популарна, оваа технологијата е далеку од зрела. Многу компании за видео игри веќе го започнаа процесот на инкорпорирање на технологијата во нивната постоечка инфраструктура, така што најверојатно овој тренд ќе стане значаен дел од индустријата во блиска иднина.
Ubisoft и Activision/Blizzard, едни од најдоминантни компании за развој на видео игри, јавно изјавија дека се обидуваат да ја искористат НФТ технологијата за претстојните случувања и тоа најверојатно во форма на предмети во видео игрите. Ова значи дека милиони гејмери ширум светот (кои можеби не поседуваат крипто) сега ќе се вклучат во крипто економијата.
Микротрансакциите (или купувањата во видео игрите) веќе им овозможува на гејмерите да купуваат ликови, оружје, возила итн., кои не биле вклучени во првичното издание на играта, но инкорпорирање на НФТ технологијата во овој дел има некои интересни импликации. Најзначајно од нив е тоа што на пример, гејмер кој поседува НФТ од супер редок сет во играта, потенцијално би можел да го продаде или размени предметот со друг играч. Ова има потенцијал да ја замагли границата помеѓу економиите во играта и реалната економија. Замислете да можете да купите или прилагодите лик, оружје, возило итн. со “in-game currency” и потоа да ги продадете на пазарот на други корисници од играта за вистински пари.
Оваа парадигма веќе постои до одреден степен во играта наречена EVE Online, која е Massive Multiplayer Online Role-Playing Game (MMORPG), која им овозможува на играчите да изградат нијансирани футуристички империи и да одат во битка против други „земји“. “In-game currency” за EVE всушност се купува и продава помеѓу играчите со користење на фиат валута и покрај тоа што програмерите се заканија дека ќе ги забранат оние што го прават тоа. Но, поентата е дека ќе видиме како MMORPG во иднина ќе понудат слични системи кои вклучуваат пазар за тргување на предмети во играта што најверојатно ќе бидат поддржани од НФТ технологијата.
По иститиот пат, метаверзумот почнува да се формира со компании како Фејсбук кои изразуваат интерес за изградба на комплексни светови преку Интернет за луѓето да комуницираат внатре. Проекти како Децентраленд ја градат оваа идеја неколку години, но најверојатно ќе видиме дека оваа идејата ќе привлече огромно внимание во следната деценија или помалку. Како огледало на физичкиот свет, многу аспекти на метаверзумот ќе вклучуваат дигитална сопственост на „недвижен имот“, стоки, колекционерски предмети итн.
Интересен подсектор на метаверзумот се аватар колекциите поддржани од НФТ како што се Cryptopunks и Bored Ape Yacht Club. Повеќето, ако не и сите овие збирки колекции вклучуваат илјадници повторувања на слични уметнички дела кои имаат различни комбинации на атрибути. Овие колекции во моментов се едни од најголемите катализатори на пазарот за НФТ, со уникатни и ретки примероци кои се тргуваат со огромни суми на секундарниот пазар, главно поради недостаток.
Иако колекциите засега изгледаат малку како помодарство, подсекторот води некои исклучителни иновации. Една од колекциите што беше објавена неодамна наречена “Save the Martians” изгледа дека е слична со многу други колекции на пазарот, но тимот зад неа работи на некои интересни карактеристики кои се чини дека се единствени за проектот. Најзначајно, програмерите работат на градење механизам за да ја направат колекцијата „дефлаторна“, дозволувајќи им на сопствениците да спојат два (или евентуално повеќе) НФТ-ја заедно и да создадат нов, единствен НФТ со својства од двата споени.
Никој не може да претпостави колку долго ќе трае овој тренд на НФТ колекции на аватари, но континуираниот развој во индустријата е сигурен показател за одреден степен на постоечка моќ на истиот.
Моќта на НФТ исто така почнува да функционира во физичкиот свет за голем број апликации. Една од најубедливите апликации вклучува проверка на легитимноста, слична на сертификат за автентичност што често ќе го придружува средството што е купуено кое е обично скапо и/или ретко. Компаниите како Rolex, Burberry, Louis Vuitton итн., почнуваат да вклучуваат НФТ-ја заедно со нивните производи за да гарантираат дека производот е вистински, како и да обезбедат доказ за сопственост доколку се продава на пазарат како “втора рака”. Оваа апликација можеби нема да има широка примена во индустријата за производи за широка потрошувачка, бидејќи повеќето производи обично не се фалсификувани, но дефинитивно е вредна за секторот на пазарот од висок ранг, кој вклучува часовници и чанти што можат да вредат колку и просечна годишна плата во САД.
На сличeн начин, НФТ веќе се користат и од страна на производителите и добавувачите на потрошни производи за да се провери изворот и патот до потрошувачите, особено за потрошни материјали со висока цена, како шампањ, кавијар, суши и.друго. Покрај ова, технологијата може да се искористи за да се потврди етичкото набавување на предмети кои често се поврзуваат со корумпирани индустрии како дијаманти и други скапоцени камења, благородни метали, итн.
Ако погледнеме уште подалеку, кон повеќе шпекулативна територија, на крајот би можеле да видиме дека НФТ може се користи за разни ингеренции за идентификација и пристап за издадени владини и корпоративни акредитиви. Теоретски, НФТ идентификацијата базирана на блокчејн може да се користат на ист начин како и ознаките RFID и дигиталните потписи за да се овозможи пристап до доверливи локации или документи. Прашање на време е кога овој поефикасен и потранспарентен начин на автентикација не ја замени постоечката технологија.
Активностите базирани на НФТ за недвижен имот ќе нарушат цели индустрии поврзани со пренос на сопственост, бидејќи тоа ќе ја отстрани потребата од многу документи и повеќенеделен пренос на информации помеѓу различни засегнати страни. Помислете само кај нас колку би значело да ја избегнеме потребата од работата на нотарите. Покрај тоа, продажбата на возила ќе биде значително поефикасна, бидејќи преносот на сопственоста ќе трае буквално секунди, само додека потврдите на блокчејн мрежата за потеклото на возилото т.е сопственоста.
Дополнително, издавањето дигитални договори за фракциона сопственост би било на сличен начин рационализирано, со што би се револуционирал начинот на купување, продавање и тргување со “timeshare” акции и групни инвестиции во недвижен имот, возила, уметност итн.
За крај, можеме да заклучиме дека технологијата зад НФТ гарантира доверба и бидејќи економијата во светот е целосно базирана на доверба, апликациите за примена на оваа технологија се бесконечни. Фактот дека верификацијата базирана на блокчејн веќе напредува е солиден показател дека оваа технологијата само ќе продолжи да расте и да се развива.