EXCHANGE TRADED PRODUCTS  – ETPs Featured

ETPs се инструменти кои ви овозможуваат диверзификација на инвестицијата без потребата да управувате со големо портфолио. Со нив се намалува ризикот кој е поврзан само со една хартија од вредност. Тие ги заменија отворените инвестициски фондови како избор на инвестиција за едноставна диверзификација. Најпознати меѓу нив се Отворените инвестициони фондови кои се тргуваат на организирана берза – ЕТФ-и.

Зошто ЕТФ-и?

  • Со нив се здобивате на изложеност до теми, сектори, земји без да правите прекумерно истражување.
  • Инвестирате во пазари кои во друг случај не би биле достапни за вас.
  • Автоматско следење на индексот, процесите на додавање и одземање на компоненти.

Н.Б. Купување на ЕТФ базиран во САД со странска изложеност е исто така изложен на валутна промена.

Exchange- Traded Notes – ETN

ЕТН се видови на необезбедени должнички хартии од вредност кои го следат основниот индекс. Разликата помеѓу нив и ЕТФ е во тоа што инвеститорот поседува. Со ЕТФ ,инвеститорот поседува акции од основното средство.  ЕТН се структурирани продукти кои се издаваат како должнички хартии од вредност кои се слични на необезбедените должнички хартии од вредност.

INVERSE ETF’S

Инвеститорите можат само да купуваат ЕТФ-и. Но, ако на пазарот сентиментот е негативен, “спонзорите” на ЕТФ креираат други разновидни ЕТФ-и кои ви даваат можност да учествувате на пазарот и во случаевите кога берзата паѓа. Тоа се таканаречените Inverse ETF  – Инверзни ЕТФ-и . Нивната цена расте кога цената на носечкото средство или хартија од вредност паѓа.

LEVERAGED ETF’s

Исто така постојат и ЕТФ-и наречени Левериџ ЕТФ-и каде цената нивна се менува два пати побрзо од носечкото средство или хартија.

Real Estate Investment Trusts – REITs

REITs претставуваат удел од портфолио кое генерира приход од недвижен имот. Тие можат да бидат купени и продадени како било кој друг ETP, но нивниот даночен третман е различен.

 

ФЈУЧЕРСИ Featured

ШТО СЕ ФЈУЧЕРСИ?

Фјучерсите претставуваат обврзувачки договор помеѓу купувач и продавач да извршат трансакција на одредено носечко средство по однапред договорена цена и дата. Тие најчесто се користат за да се намали несигурноста. Купувачот на стоки знае однапред дека ќе ги добие порачаните стоки по фиксна цена која однапред ја знае. Шпекулаторите се најчесто другата страна од зделката. Тие обично немаат намера да извршат достава на стоката и се надеваат дека ќе го продадат договорот и ќе остварат профит.

ТЕРМИНОЛОГИЈА

  • Maturity – Датум на престанок на важност – е датумот кога фјучерс договорот истекува и односно престанува да важи и стоката предмет на договорот мора да биде доставена.
  • Volume – Бројот на договори кои се тргуваат секој ден
  • Open Interest – Бројот на договори кои сеуште не се исплатени
  • Front Month – Преден месец е месецот кој е најблиску до месецот во кој договорот истекува.
  • Active Month – најчесто е предниот месец но може да биде и месецот после тоа.
  • Continuous contract – Континуиран договор е синтетички формирани цени од фујерсни договори кои се користат за да се формираат долгорочни графикони.
  • Settlement- Порамнување e исполнување на обврските кои произлегуваат од договорот. Може да бидe:
  • Со физичка достава на стоката
  • Или порамнување во кеш
  • Settlement price – Цена на порамнување е официјалната последна цена од денот. Таа се користи за да се процени колку е потребна маргина за одржување на сметката.
  • Commitment of Traders – е неделен извештај кој во себе ги вклучува сите направени договори (open interest) од сите различни учесници на пазарот со фјучерси во САД.
  • Basis е односот помеѓу цените на спор пазарот и цените на пазарот со фјучерси.
  • Contango – Контанго е ситуација каде имаме нагоре навалена крива т.е. фјучерс цената е нас спот цената за договорите што достасуваат.
  • Backwardation – Беквардација имаме коха кривата е навалена надоле т.е. фјучерс цената е под спот цената. Исто така се нарекува и инверзија.

ПОДЕЛБА НА ФЈУЧЕРСКИТЕ СПОРЕД КЛАСАТА НА СРЕДСТВА ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОР

 

Суровините се групирани во 7 (седум) главни категории:

  1. Земјоделски стоки (пченка, кафе. месо)
  2. Енергетски суровини (нафта, природен гас, струја)
  3. Акции и индекси (MSTF, DAX)
  4. Фјучерси на валути (ЕУР/УСД, ЕУР/ЦХФ)
  5. Фјучерси на каматни стапки
  6. Фјучерси на метали (злато, сребро, бакар)
  7. Останати (недвижности, временски услови итн.)

КОНТИНУИРАНИ ГРАФИКОНИ

При правење на техничка анализа, најголем предизвик со кој се среќаваат техничките аналитичари е кога договорот за фјучерс истекува. Тоа што треба да се направи е да се спојат заедно сите последователни договори.

  • Time rollover – Кога тековниот договор истекува се користи датата од следниот договор.
  • Activity rollover – Датата од следниот договор се користи кога обемот на тргување е поголем од обемот на тргување од постоечкиот договор.
  • Rollover with Adjustment – кога се користи нов договор, историската база на податоци се прилагодува така што крајот на континуираната датотека се совпадне со новите податоци што се користат.
  • Smoothing – Податоците од последните два договори се упросечени користејќи пондериран просек. Како што се доближува денот на истекување на договорот, пондерот на договорот што престанува да важи се намалува.

Берзански индекси Featured

БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ

Индексите се мерачи на перформансите на пазарот и претставуваат лесен начин за да се визуелизира пошироката слика за движењето на пазарот. Тие се пресметуваат за целиот пазар или одделен пазарен сегмент.  Најчесто се користат за акции, но се користат за други класи на средства.  Индексите му помагаат на инвеститорот да се фокусира на одредена група хартии од вредност според дадена карактеристика и исто така да рангира различни групи според нивните индекси.

БЕРЗАНСКИ ИДНЕКСИ ПО ЗЕМЈИ

Овие индекси ја претставуваат целата земја и најчесто го нив се содржани најголемите по пазарна капитализација акции.

Главни глобални берзански индекси се:

  • S&P 500 – САД
  • FTSE 100 – Велика Британија
  • DAX – Германија
  • CAC – Франција
  • TOPIX – Јапонија
  • Shanghai Composite – Кина
  • Hang Seng – Хонгконг
  • Straits Times – Сингапур
  • AEX – Холандија
  • FTSE MIB – Италија
  • МБИ 10 – Македонија

Берзанските индекси на акции можат да бидат класифицирани на многу начини:

  • Глобални индекси – во себе содржат акции од повеќе региони
  • Регионални индекси – во себе вклучуваат акции кои се дефинирани според географска позиција како Азија, Европа итн.
  • Национални индекси – ги содржат акциите од најголемите компании кои се котираат на соодветните национални берзи.
  • Берзански индекси според индустрија- овие индекси ги следат перформансите на одделните индустрии како што се енергетика, финансии, технологија итн.
  • Берзански индекси- овие индекси се базирани на една берза или група на берзи.

ОСТАНАТИ ИНДЕКСИ

  • Според пазарна капитализација во САД:
  • Russell 3000 – 98% од сите акции кои се тргуваат во САД
  • Russell 1000 – Најголемите компании кои претставуваат 1/3
  • Russell 2000 – Најмалите компании кои претставуваат 2/3

  • Можат да бидат групирани како:
  • Акции со потенцијал за раст – Growth stocks
  • Акции со висок бета коефициент – High Beta stocks
  • US Dollar Index – Индекс на американскиот долар – тој ја следи вредноста на доларот во однос на пондерирана група на валути. Еврото зазема една половина од вредноста на индексот.
  • CRB Index – е индекс на берзански стоки кој е составен од група на стоки како што се на пример обоени метали, земјоделски култури и енергенси.
  • Индекси на недвижен имот како што е на пример REITs Index и како негова алтернатива може да се погледне FTSE NAREIT US Index.
  • Baltic Dry Index – е индекс кој ги мери цените за превоз и испорака на најголемите суровини по море. Тој претставува добро мерило за цената на транспорт. Се користи за проценка на целокупното “здравје ” на глобалната трговија.
  • Обврзнички индекси – најчесто се според одредена земја како на пример:
  • За САД: Barclays Capital Aggregate Bond Index
  • За светот: City Emerging Markets Broad Bond index
  • За Македонија: ОМБ

КОНСТРУКЦИЈА НА ИНДЕКСИТЕ И НИВНО МЕРЕЊЕ

  • Trade-Weighted Index – според трговската размена се формира врз основа на вредноста на валутата на земјата наспроти кошница од неколку други валути. Секоја поединечна валута зема учество во индексот според нејзиното учество во трговијата со таа земја.
  • Capitalization Weighted – според пазарна капитализација и е најчесно користен налин. Учеството на акциите во индексот е според големината на компанијата. Најголемите компании според пазарна капитализација имаат најголемо учество во индексот.
  • Modified Cap Weighted – и ист како претходниот според пазарна капитализација со исклучок на тоа, тука постои лимит колку влијание една компанија може да има на индексот. На приемер, една компанија не може да има повеќе од 10% учество во индексот.
  • Geometric Weighted – се користи кај доларовиот индекс.
  • Equal- Weighted – подеднакво мерени односно сите составни делови имаат подеднакво влијание на индексот.
  • Price- Weighted –  Според цената како што е на пример индексот Dow Industrials каде што големината н акомпанијата не игра никаква улога. Акциите на компаниите со највисока цена ќе имаат најголемо влијание на индексот. При формирање на индексот се користи корективен фактор кој ги измазнува цените од поделба на акциите, додавање и бришење на акции од индексот.

ПРЕСМЕТКА НА ИНДЕКСОТ

Индексите започнуваат со округли број како множител. Во момент на настанување на промени на членовите кои го сочинуваат, множителот треба да се прилагоди за да новата вредност на индексот се совпадне со последната вредност.

ПРИСТРАСНОСТ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ

“Спонзорите” на индексите додаваат и изземаат компании од индексот  најчесто на квартална основа. Затоа стратегиите за инвестирање кои се споредуваат со дадениот индекс мора да бидат свесни за ова. Најголема грижа и внимание треба да се обрне доколку се прави тестирање наназад – back testing. Тестирањето на стратегиите најчесто се прави со моменталните членови во индексот и треба да се земе во предвид кои компании го сочинувале индексот кога сигнал за тргување бил генериран.

Валутен пазар Featured

ШТО ПРЕТСТАВУВА ВАЛУТЕН ПАЗАР?

FX, Forex, Foreign Exchange се синоними кои се користат при валутната трговија. Валутен пазар претставува место на кое се разменува една валута за друга. Како учесници на валутниот пазар се јавуваат централните банки, комерцијалните банки, корпорациите и трговците на мало.

Бидејќи доларот се смета за резервна валута, најголемиот дел од тргувањето е во долари. Еврото и јапонскиот јен исто така се сметаат за резервни валути, соодветно  во нивните региони. Најактивно тргување на валутниот пазар се случува во валутни двојки наречени “главни” како што се:

  • Euro/Dollar, Dollar/Yen, Sterling/Dollar

Покрај нив, постојат вкрстени валутни двојки и таканаречени “егзотични” валутни парови.

БАЗИЧНА ВАЛУТА И КОТАЦИЈА

Базична валута се смета првата валута која е дадена при котација. Така на пример, ако имаме ЕУР/УСД за базична валута се зема ЕУР а котираната валута е втората, односно УСД. Секогаш кога се дава цена се мисли на котираната валута.

  • ЕУР/УСД е прикажана во американски долари, односно колку американски долари е едно евро.

Ако го погледнете графиконот на дадена валутна двојка, кога линијата се придвижува нагоре ја прикажува базичната валута која е посилна и расте во однос на котираната валута.

ПИПСОВИ И ОПСЕГ

Пипс – pips е најмалата вредност од цената што може да се помести. Тој претставува децимална точка од процент. Најголем број на валутни парови се котираат до четири децимални бројки. Еден пипс е еднаков на 0.0001. Разликата помеѓу куповна и продажна цена се нарекува Spread или опсег.

 

Базична валута      Котирана валута

  куповна цена ⇒      ЕУР/УСД      ⇐ Продажна цена

     1,2250/1,2252

Опсег = 1.2252-1.2250 = 2 пипса

         Предности при тргувањето на валутен пазар

  • Висока лииквиднот која ви овозможува да се реализира вашата сделка во било кое време по цена која вие ја сакате.
  • Ниски бариери за влез кое значи дека секој може да учествува на валутниот пазар и да тргува со валутни двојки, освен во случај кога е забрането со закон.
  • Подобра можност за управување на ризикот со оглед на тоа дека може да се тргува со многу мали лот-ови и нема минимален праг на инвестирана сума на пари без која не можете да почнете да тргувате.
  • Може да тргувате во било кое време, пазарот е активен 24/7. Со други зборови може да тргувате за време на азиска сесија, европска или за време на америчка сесија.
  • Ниски трансакциски трошоци. Не се плаќа провизија за извршување на налозите, се плаќа спред (опсег помеѓу куповна и продажна цена).

 

 

Инструменти со постојан приход Featured

ШТО СЕ ОБВРЗНИЦИ?

  • Обврзницата претставува облигација помеѓу заемопримач и заемодавател.
  • Обврзниците се нарекуваат и инструменти со постојан приход затоа што најчесто исплаќаат фиксна камата во текот на својот живот.
  • Компаниите и/или владите се од страната на заемопримачи кои учествуваат на примарните пазари на капитал преку емисија на обврзници со цел да дојдат до извор на средства.
  • Тоа што е најбитно да се запомни е дека приносот и цената на обврзницата се обратно пропорционални.

 

ЗОШТО ДА КУПУВАТЕ ОБВРЗНИЦИ

  • Главната причина е заради исплатата на камата. Постои можност и за капитално добивка ако каматните стапки паднат.
  • Инвеститорите кои купуваат обврзници знаат однапред:
  • Кога ќе им биде исплатена камата
  • Колкав износ на камата ќе им биде исплатен
  • Кога ќе си ја повратат инвестицијата , односно откупат главницата
  • Обврзниците имаат приоритет на исплата во случај на ликвидација
  • Како дел од едно инвестициско портфолио, обврзниците помагаат да се избалансира приносот од понеизвесните средства во кои се инвестира.

 

ИЗДАВАЧИ НА ОБВРЗНИЦИ

Двете групи на издавачи на обврзници се:

  • Владите
  • Национални
  • Државни и регионални
  • Локалните општини
  • Компаниите

Државните обврзници се поткрепени со целосна кредитна доверба од страна на владата која ги издава.

Обично обврзницата претставува 1.000 парични единици од валутата во која е издадена. Во нашата земја, еден лот обврзница претставува 10.000 денари.

Најчести имиња на обврзници во одделните земји

Соединети држави Treasury bonds, Notes, Bills
Германија Bunds, Bobls, Schatz
Франција Oats, BTFs, BTANs
Обединето кралство Gilts
Јапонија JBGs

 

КОМПОНЕНТИ НА ОБВРЗНИЦИ

  • Номинална вредност (Principle or Face Value)

Претставува износот што ќе му биде вратен на инвеститорот на денот на доспевање на обврзницата.

  • Датум на доспевање (Maturity)

Датумот на кој номиналната вредност, односно главницата од обврзницата му се враќа на инвеститорот.

  • Купон (Coupon)

Претставува периодичната исплата на камата. Исплатата на купон не варира со цената на обврзницата.

  • Принос (Yield)

Купон/Цена на обврзницата. Цената по која се купува обврзницата не мора задолжително да биде по нејзината номинална вредност.

  • Par Value

Номиналната вредност на обврзницата е изразена во %. Ако обврзницата се тргува на цена 105, тоа значи дека истата чини $1.050. Тоа е 105% од номиналот.

  • Принос до доспевање (Yield to Maturity)

Тука е вклучен целиот принос од обврзницата од камати, капитални добивки и враќање на главницата на денот на доспевање.

  • Рејтинг (Rating)

Мерка за квалитет која им овозможува на инвеститорите да дознаат повеќе за издавачот

  • Куповна цена/Продажна цена/Последна цена (Bid/Ask/Last)

Деноминирани во единици специфични за хартијата од вредност

  • Конвертибилни обврзници (Convertible)

      Содржат во себе право да бидат разменети за акции.

  • Отповикливи (Callable)

Му овозможуваат на издавачот да ги отповикаат и да го исплатат долгот.

ВРЕДНУВАЊЕ НА ОБВРЗНИЦИТЕ

Котираната цена на обврзниците е во проценти од нејзината номинална вредност или принос. На пример: 2.5 исплаќа 2.5% годишна камата (обично исплатите се полугодишни) до нејзиното доспевање.

Кога цената на обврзницата е поголема од 100, приносот од обврзницата е понизок од купонската камата.

Приносите од обврзниците се во номинална вредност, односно во нив не е вкалкулирана инфлацијата. Ако стапката на инфлација го надмине приносот на обврзницата, реалниот принос од истата е негативен.

Номинална вредност Котација Пазарна цена Се тргува на
$ 1.000 100 $1.000 На пар/иста вредност
$ 1.000 102 $1.020 Со премиум
$ 1.000  97    $970 Со дисконт

ДРЖАВНИ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

Кога владите на одделните држави имаат потреба од средства за реализација на инфраструктурни проекти или кога имаат потреба да го покријат буџетскиот дефицит тие бараат инвеститори кои ќе им помогнат во остварување на целите.

Постојат два начини преку кои го постигнуваат тоа:

  • На пазарот на пари, каде пласираат државни записи кои имаат достасување до една година и
  • На пазарот за обврзници каде може да позајмат пари со рок на достасување до 30 години преку емисија на државни обврзници.

И двете се нарекуваат аукции.

КОРПОРАТИВНИ ОБВРЗНИЦИ

Исто како и кај владите, компаниите доаѓаат до извор на капитал на примарните пазари на капитал преку издавање и продавање на обврзници и записи. И е му обезбедуваат на купувачот фиксен приход. За разлика од акциите, сопствениците на обврзници немаат право на глас и не поседуваат дел од сопственоста на компанијата. Обврзниците се исплаќаат први во случај на ликвидација. Често се користат од страна на старт ап компании и може да се конвертираат во обични акции (конвертибилни обврзници).

Акции Featured

Акциите претставуваат капитал со кој стекнувате  делумна или целосна сопственост во дадена компанија.  Акциите може да се тргуваат на берза или на пазар преку шалтер (OTC market).

Берзата претставува место или институција во рамките на која се одвива организирано тргување со хартии од вредност. Тргувањето на берзата се врши со посредство на овластените учесници на овој пазар – брокери, кои тргуваат за сметка на своите клиенти.

Пазарот преку шалтер претставува алтернативен облик на пазар на хартии од вредност, при што куповните и продажните налози што ги добиваат брокерските куќи може да се склучуваат помеѓу самите брокерски куќи без да се излегува на берза.

 

ЗОШТО ДА КУПУВАТЕ АКЦИИ?

Три причини:

  1. Капитална добивка која претставува зголемување на вредноста на акциите и се остварува со продажба на истите по повисока цена од цената на којашто се купени.
  2. Приход е прилив на парични средства од исплата на дивиденда.
  3. Влез во управувањето на компанијата – носителите на обични акции имаат право на глас во акционерското собрание на компанијата при разни иницијативи, избор на директори…

ОБИЧНИ АКЦИИ

Обичната акција е првата хартија од вредност која една корпорација ја издава и во случај на банкротство, последната што може да биде наплатена. Тие претставуваат побарување со најнизок приоритет спрема приходите и средствата од сите емитирани хартии од вредност. Во случај на ликвидација на компанијата, имаат побарувања кои се исплаќаат после исплата на сите обврски. Сопствениците на обични акции имаат право да гласаат за изборот на директори на компанијата и да гласаат за главните прашања кои се од значење за компанијата кои се презентирани пред нив.

ПРИОРИТЕТНИ АКЦИИ

Приоритетните акции се еден вид на хибрид помеѓу обичните акции и обврзниците. Компанијата им исплаќа дефинирани и најчесто повисоки дивиденди во одредени фиксни интервали на сопствениците. При исплатата на дивиденда, носителите на приоритетни акции се исплаќаат први, односно пред обичните акции. Приоритетните акции овозможуваат потенцијална капитална добивка, но не носат право на глас.

Компаниите издаваат приоритетни акции бидејќи им се дава можност да приберат голема сума на пари за кратко време.

Предности:

  • Институциите имаат посебен даночен третман
  • Се сметаат за посигурно од обичните акции
  • Понекогаш можат да бидат претворени во обични акции

Нивна негативна страна е тоа што можат да бидат “повикани” што и дава права на компанијата да ги откупи назад по нивната номинална вредност.

 

ГАРАНЦИИ

Гаранциите издадени со акции на носителот му даваат право да купи акции по фиксна цена, директно од компанијата по претходно дефиниран датум.

Тие се слични со опциите, но:

  • Опциите се издаваат од други трговци на пазарот
  • Гаранциите се издаваат од самите компании – компанијата издава нови акции кога гаранцијата е реализирана.

 

КОРПОРАТИВНИ АКТИВНОСТИ

При правење на анализа за земање на инвестициско решение, потребно е да ги земете во предвид следните активности кои ги преземаат компаниите и кои имаат влијание на цената на акцијата.

  • Датум на екс дивиденда – одредува кој е со право на исплата на дивиденда.

Датумот на екс-дивиденда за акциите обично се поставува еден работен ден пред датумот на објавување. Ако купите акции на датумот на екс дивиденда или после тоа, нема да ја добиете следната исплата на дивиденда. Наместо тоа, продавачот ја добива дивидендата. Ако купите пред датумот на екс-дивиденда, ја добивате дивидендата. Исто така треба да знаете дека обично цените на акциите растат до датумот на екс дивиденда и после тоа паѓаат.

  • Секундарна емисија на акции

Првичната јавна понуда (IPO) е кога компанијата за прв пат излегува јавно на берза и котира акции. Секундарната понуда претставува нова емисија на хартии од вредност на веќе постоечка компанија на берзата. Оваа активност ја разредува вредноста на сите постоечки акции на компанијата и можно е цената на акциите да се намали при секундарна емисија.

  • Ограничени акции

На внатрешните лица на компанијата, директори и менаџери, може да им бидат доделени акции од компанијата која излегува јавно на берза. Овие акции обично имаат ограничување за одреден период од време, односно имателите на овие акции не можат да ги продаваат додека трае таканаречениот “период на заклучување”. По завршување на тој период, цената на акции може да се намали како последица на нивна продажба од страна на внатрешните лица на компанијата.

 

ПОДЕЛБА НА АКЦИИ

Компаниите носат одлука за поделба на акциите од различни причини. Тоа што треба да запомните е дека при поделба на акциите не се менува вредноста на вашето портфолио доколку поседувате такви акции и исто така нивната пазарна капитализација на пазарот не се менува.

  • Кога имаме поделба на акциите, бројот на акции се зголемува додека цената на акцијата се намалува соодветно за соодносот спрема кој е направена поделбата.
  • Исто така компаниите може да се одлучат и за обратна поделба на акциите и во тој случај, се намалува бројот на акции а се зголемува нивната цена соодветно. Најчесто компаниите се одлучуваат на ваков потег бидејќи мора да одржуваат одредено ново на цената на акцијата за да може да останат и да бидат котирани на берзата.

 

ПАЗАРНИ СЕГМЕНТИ

Најчесто аналитичарите при својата работа го следат движењето на пазарот преку користење на индекси и одредено групирање на акциите. Постојат многу начини за нивно групирање. Најчесто акциите се групираат заедно според:

  • Сектори и индустрии
  • Пазарна капитализација (големина)
  • Географска локација
  • Стил (дефанзивни, циклични, брзо растечки акции итн.)

Ценовните движења на одредена група акции најчесто е просечна цена која се добива со еден од начините за пресметка што се користат кај индексите.

Здравиот ум престојува во здраво тело. Ние во Инвест Поинт работиме не само на имплементација на финансиската слобода за инвеститорите, туку и на мир на умот преку јога пракса, која е специјално дизајнирана да ги подобри секојдневните финансиски одлуки и да донесе рамнотежа и мир во животот.

Како техничката анализа ни помага при донесување на инвестициски решенија Featured

Секојдневно во мојата професија среќавам колеги кои ми кажуваат дека цврсто се потпираат на фундаменаталната  анализа, внимателно ги анализираат заработките на компаниите и го мерат нивниот удел на пазарот, колку е “здрава” компанијата, следат демографски фактори, се со цел да ги одберат најдобрите акции за своите клиенти. Она што тие не го кажуваат е дека и  покрај нивните анализи пред да донесат било каква одлука ги погледнуваат графиконите на акциите.

Зошто е тоа така? Затоа што употребата на графикони – техничка анализа е сеуште најдобриот начин за да знаат дали нивните анализи се валидирани од реалниот свет.

Да предпоставиме дека одредена компанија креира нов производ. Анализите покажуваат позитивни бројки за продажба со солидна маргина, критичарите од истата индустрија даваат позитивни коментари. Како резулатат на направените анализи, инвеститорите донесуваат решение за купување на акции од соодветната компанија и наеднаш гледаат како вредноста на нивните акции паѓа. Тоа што тие не знаат е дека вредноста на акцијата веќе пораснала за повеќе од 50% во таа година и како резултат на тоа продавачите почнуваат со поголем интензитет да продаваат. И покрај тоа што компанијата има солидни перформанси и ќе направи позитивни финансиски резултати во иднина, вредноста на нејзите акции веќе ја рефлектирала таа информација и тоа може да се види дококу ги погледнеме графиконите.

Техничката анализа често наидува на критики во инвестицискиот свет, и тоа што сакам да потенцирам е дека техничката анализа не е погрешна, туку треба да се обвинат практикантите кои погрешно ја употребуваат ТА за предвидување на движење на пазарот како на пример затоа што на графиконот се вкрстиле две линии на просечни движења на цената.

Цената на акцијата не се движи затоа што се вкрстиле двете линии. Двете линии се вкрстиле затоа што цената на акцијата ни покажува нешто. И тоа што ни покажува е дали шансите за купување или за продавање се подобри.

Техничката анализа не ни кажува точно што ќе се случи на пазарот, но ни дава идеја како да реагираме.

ШТО Е ТЕХНИЧКА АНАЛИЗА?

Техничата анализа е студија за движење на цените на пазарот и се користи како методологија за прогнозирање на насоката на цените. Техничката анализа ги проучува сите објавени податоци кои се генерирани од пазарите и од поведението на учесниците на пазарот.

Податоците кои се користат при анализите се ценови прагови кои служеле како пресвртни точки во минатото, бројот на акции или удели купени и продадени секој ден (волумен или обем на тргување) и брзина на движење на цената во одреден временски интервал (интензитет).

Во техничката анализа се користат две ценови нивоа или прагови и тоа: ниво на отпор и ниво на поддршка. Ако цената на одредена акција во некоку наврати достигне цена од 50 ЕУР, таа цена ќе се смета за ниво на отпор затоа што има тенденција да се задржи на тоа ниво и да не продолжи да расте во продолжение на одредено време. Зошто е тоа така? Се смета дека цената на соодветната акција на тоа ниво е скапа и тогаш инвеститорите отвараат позиции за продажба, зголемувајќи ја понудадата во споредба со побарувачката.

Техничката анализа исто така се обидува да го измери “расположението” на инвеститорите, односно што тие мислат за одреден пазар во дадено време. Ова е многу важно затоа што кога сите мислат на ист начин, пазарот има тенденција да реагира во обратна насока. Со други зборови, алчноста и стравот го движат пазарот. Кога сите се убедени дека одреден пазар ќе продолжи да се движи нагоре, теоретски на врвот веќе сите имаат купено. Во такви ситуации, било која негативна вест,  било тоа да е вистинска или перцепирана, ќе предизвика масивна продажба. На пример, во месец март 2009 година, на крајот на “bear market” – мечкин пазар, расположението на инвеститорот беше негативно повеќе од било кога, но ако погледнете во репроспектива тоагаш беа најдобрите можности за купување во историјата.

КАКО ФУНКЦИОНИРА?

Основната идеја е дека активностите од сите учесници на пазарот оставаат индикации на графиконите кои ние треба да ги пронајдеме. На пример, после одреден нагорен тренд на цената на одредена акција, и купувачите и продавачите на пазарот стануваат по малку несигурни.  “Биковите” сакаат и имаат тенденција да ги затворат позициите порано и да го земат својот профит додека “мечките” сеуште не отвараат кратки позиции.

На графиконот, гледаме пониски ценови издигнувања и повисоки ценови падови. Тие формираат намален ценов дијапазон кој личи како триаголник и од таму неговото име.

Кога ваков ценов модел се формира на графиконите, тоа што знаеме е дека акцијата е во мирување или конгестија пред да го направи следното движење. Дали следниот пробив ќе биде повисоко или пониско од дадениот опсег на триаголникот допрва треба да се увиди. Сепак, во најголем број од случаите, кога цената ќе пробие надвор од триаголникот, има тенденција да продолжи во таа насока.

Н.Б. Триаголникот што е формиран на графиконот не ни кажува што ќе се случи. Сепак, кога пазарот ќе го пробие триаголникот, добиваме добра идеја  како да реагираме на пазарот. Дури и кога акцијата ќе ја пробие цената надвор од триаголникот, аналитичарите не знаат со сигурност дека цената на акцијата ќе се движи надоле и не знаат колку долго ќе трае тој надолен тренд. Тоа што тие знаат е дека веројатноста од остварување на проофит со продавање – short selling на соодветната акција е добра.

Што ако анализата е погрешна? Лажен пробив е исто така можен, но во тој случај предноста е што моделот ви кажува дека вие сте на погрешната страна многу порано, наместо покасно и ви дозволува да ги доведете загубите на минимум.

КАКО СЕ КОРИСТИ?

И покрај тоа што постојат многу комплекси формули и алгоритми за употреба на техничката анализа, најголем број од инвеститорите може да имаат корист доколку знаат само неколку работи за пазарот или хартијата од вредност што сакаат да ја купат.

  1. Дали трендот е нагорен или надолен?
  2. Кои се најблиските нивоа на подршка и отпор?
  3. За тргување со акции, споредба со секторот или пазарот во целина.

Трендот представува насока на движење на цената во определено време. Ако цената на графиконот се движи од долниот лев агол кон горниот десен агол, тогаш имаме нагорен тренд и обратно.

Постојат индикатори со кои може да се измери интензитетот на трендот, но тоа што треба да се запомни е дека кога акцијата или одреден пазар прави повисоки врвови и повисоки долини во одреден период од време, тогаш имаме нагорен тренд.

Во физиката, телото има тенденција  да остане во движење освен ако не е под влијание од некоја надворешна сила. Некои од силите кои дејствуваат на пазарот се намалени перформанси или недостаток на интерес (кое може да се види од обемот на изтргувани акции).

Исто така постојат ценови нивоа – прагови. Поддршка е ценово ниво на кое акцијата или пазарот има тенденција да престане да паѓа. Отпор е ценово ниво на кое пазарот има тенденција да престане да расте. Поддршката обично представува ниво на кое цената е ефтина, додека отпор е ниво на кое цената е скапа. Ако одредена акција што сакате да ја купите се наоѓа на цена на која во минатото продавачите станувале активни подобро е да ја преиспитате одлуката за купување. Но, ако акцијата штотуку го пробила тоа ниво на отпор, психологијата на пазарот се сменила и тоа што предходно се сметало за скапо сега може да се смета за ефтино.

Анализата на релативна сила на одредена акција е споредба на истата со нејзините конкуренти, со секторот или пазарот пошироко.  Кога имаме биков пазар, не сите акции имаат исти перформанси, односно некои се подобри од другите. Со други зборови, не сакате во своето портфолио да имате акции кои заостануваат зад пазарот без оглед на тоа што фундаметалната анализа ви кажува.

ТЕХНИЧКИТЕ И ФУНДАМЕНТАЛНИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ТРЕБА ДА СОРАБОТУВААТ ЗАЕДНО

На прв поглед може да изгледа чудно, но фундаменталните и техничките аналитичати треба да работат заедно и да се надоплнуваат едни со други иако нивните анализи за едно иста акција може да бидат различни. На пример, вредноста на одредена акција според фундаменталната анализа може да биде преценета на пазарот, но ако го погледнеме графиконот на истата акција и погледнеме дека нагорниот тренд е уште силен, значи постои уште простор за пораст на цената и можеме да ја чуваме уште некое време пред да почнат играчите кои ја вреднуваат истата да ја продаваат.

Кога фундаменталистите и техничарите се согласуваат, инвеститорите имаат поголема доверба за донесување на инвестициски решенија. Но, дури и кога двете страни не се согласуваат, доволно е да бидат свесни за ризикот копј постои од другата страна се со цел да донесуваат подобри решенија.

 

За авторотСнежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.

 

 

Што се опции ? Featured

Опциите се финансиски деривати, бидејќи нивната вредност се изведувва од вредноста на некое друго добро или некој друг финансиски инструмент: кога вредноста на носечкото средство се движи, исто така се движи и вредноста на опцијата. Постојат два вида на опции, за двете страни од секој пазар: купувачи и продавачи. Дококу Вие поседувате Кол опција (call option), Вие имате право да го купите носечкото средство по цена на отповикување на даден датум на доспевање. Според тоа, вие имате право но не и облигација, и вие ќе го реализирате вашето право да ја отповикате опцијата само доколку имате економска оправданост да го направите тоа, односно кога цената на отповикување на опцијата е пониска од преовладувачката пазарната цена. За да купите опција, потребно е да платите одредена премија. Ако поседувате Пут опција (put option), Вие не гледате да го купите, туку да го продадете носечкото средство. Во тој случај, вие имате право но не и облигација да го продадете носечкото средство по цена на отповикување на даден датум на доспевање.

Кога купувате опција, вие плаќате премија за правото да купите или продадете, и вашата максимална загуба е премијата што сте ја платиле. Ако на датумот на доспевање на опцијата цената на носечкото средство е пониска од цената на отповикување, купувачот на опцијата ќе го купи носечкото средство дирекно на пазарот за поефтино, отколку да го реализира своето право од опцијата. На истиот начин, ако на денот на доспевање цената на носечкото средство е повисока од цената на отповикување на пут опцијта, купувачот на пут опцијата ќе го продаде носечкото средство дирекно на пазарот по повисока цена, наместо да го реализира правото на неговата купена пут опција.

На другата страна на договорот за опција, треба да стои професионален инвеститор или институција. Тоа е така затоа што кога давате право на другата страна (купувачот на опција), неговото/нејзино право станува ваша обврска. Кога имателот на опција одлучи да го искористи своето право, продавачот на опција има облигација да го исполни. Имателот на опција ќе го искористи своето право кога тој/таа ќе има економска оправданост да го направи тоа, што значи дека продавачот на опција ќе претрпи загуба. Со цел да ја компензира можната загуба, продавачот на опцијата прима премија платена од купувачот, на почетокот на договорот.

На почетокот, премијата на опција е просечна вредност на очекувањето на пазарот на опцијата на датумот на доспевање. Понудата и побарувачката на пазарот се среќаваат со очекувата фер вредност. Ако учесниците на пазарот мислат дека цената е премногу ниска, тие ќе почнат да купуваат опции а продавачите ќе почнат да бараат се повисока цени за да ги акумулираат дополнителните ризици. Во исто време, учесниците на пазарот може да продаваат опции кога тие сметаат дека ценатата на опциите е премногу висока или кога едноставно сакаат да земат готовина од премијата. Во тој случај тие се надеваат дека или очекуваат дека нема да имаат обврска да го направат следното: да купат по цена повисока од таа што преовладува на пазарот или да продадат по цена пониска од пазарната.

Но, очекувањата не секогаш се остваруваат, и освен ако вредноста на опцијата на денот на доспевање не е во линија со таа на почетокот на договорот, опцијата на доспевање ќе вреди повеќе или помалку од тоа што беше првично очекувано.

Доколку сте купувач, максималната загуба што може да ја направите е платената премија, но ако вие сте продавачот загубата може да биде многу поголема од премијата што сте ја наплатиле на почетокот (неограничена загуба). И тука започнуваат проблемите. Започна да се пишува многу лошо и погрешно за опциите, дериватите и нивните корелирани ризици особено после Суб-прим кризата – “Subprime crisis”. Но, опциите и дериватите се многу корисни финансиски инструменти. Сепак е многу важно да се користат со претпазливост и компетентност. Истото важи и за ножевите. Тие не се добри или лоши, но мора да се кориостат со предпазливост и компетентност. Можеме да ги искористиме за да излупиме јаболко, да исечеме парче месо или да се исечат стапчиња во шумата. Но, ножевите може да станат и многу опасни кога се ставени во рацете на непретпазливи или некомпетентли лица. За опциите и дериватите е скоро исто.

Single post Featured

Sed a velit vitae nunc porta iaculis. Aliquam tempus rutrum diam, non tincidunt odio pharetra vitae. Nulla facilisi. Duis sed laoreet dui. Duis a risus nec erat tincidunt feugiat. Cras dui velit, luctus vitae volutpat vitae, vestibulum vitae orci.

Cras mattis consectetur purus sit amet fermentum. Nullam quis risus eget urna mollis ornare vel eu leo. Nullam quis risus eget urna mollis ornare vel eu leo. Donec ullamcorper nulla non metus auctor fringilla.

Cras mattis consectetur purus sit amet fermentum. Etiam porta sem malesuada magna mollis euismod. Aenean eu leo quam. Pellentesque ornare sem lacinia quam venenatis vestibulum. Sed posuere consectetur est at lobortis. Donec ullamcorper nulla non metus auctor fringilla.

Phasellus dictum placerat pellentesque. Duis vehicula tellus eu nisi sagittis a varius eros posuere. Donec metus dui, ultricies non porttitor sed, semper eget enim. Duis sed bibendum ante. Pellentesque at augue lorem!

Sed ut porta sapien. Integer orci libero, varius eget venenatis quis, cursus vitae orci? Curabitur vitae ultricies dolor! Vivamus ultricies nunc in lectus cursus cursus.

Curabitur ultrices commodo magna, ac semper risus molestie vestibulum. Aenean commodo nibh non dui adipiscing rhoncus. Aliquam ullamcorper posuere turpis, in feugiat risus posuere vel. Ut velit urna, auctor at aliquam sit amet, rutrum vitae diam. Maecenas elementum lacus tincidunt neque luctus rhoncus a nec eros. Donec fermentum magna non eros lacinia mollis. Maecenas et dolor vel felis hendrerit laoreet.

Duis velit neque, rutrum ac suscipit id; vehicula vel nibh! Nulla eget quam eget dui hendrerit molestie ut quis turpis. Aliquam non sem eget nisi adipiscing eleifend sed non libero. Integer ac felis ut odio venenatis condimentum bibendum non eros. Vivamus eu laoreet diam. Duis cursus.

Се што треба да знаете за “stablecoins”

Stablecoins или токени кои се поврзани со одредена вредност, се некои од најмоќните алатки во крипто индустријата, но тие честопати се погрешно разбрани од учесниците на пазарот. Со сите различни опции кои се нудат на пазарот денес, може да биде тешко да се дознае кои stabilcoins  да се користат. Затоа, во следнаат серија од натписи ќе се обидам да ви објаснам за различните типови на stablecoins и некои од ризиците поврзани со секој од нив.

Што се stablecoins?

Како што сугерира името, stablecoin е дигитално средство кое има пазарна вредност поврзана со друго средство, често поврзано со вредноста на фиат валута како што е американскиот долар. И покрај тоа што валутите што ги поткрепуваат вредностите на овие средствата се издаваат и контролираат од централната влада, стејбкоините користат различни методи за да обезбедат дека вредноста на средствата останува стабилна (или, цврсто поврзана). Додека некои од овие средства се контролирани и од издавачот,  други се целосно контролирани од заедниците што користат токените. Всушност, постојат четири основни типови на стејблкоини, организирани според тоа како средствата ја постигнуваат својата вредност:

  1. Algorithmic
  2. Commodity-backed
  3. Crypto-backed
  4. Fiat-backed

Algorithmic stablecoins

Algorithmic stablecoins својата стабилност на цената ја постигнуваат со користење на софтверска програма која е распоредена во паметен договор за управување со понудата на токени на пазарот, најчесто наречена циркулирачка понуда на токен. За разлика од другите типови на stablecoin, овие токени не се обезбедени со други средства, и наместо тоа се потпираат на компјутерска програма за прилагодување на понудата на токени во однос на вкупната вредност на сите токени во оптек.

Ќе ви дадам пример за ова, за да можете полесно да разберете. Ако токенот треба да биде поврзан со вредност од 1,00 американски долар, но на пазарот се продава по цена од 1,01 американски долари, алгоритамот ќе издаде дополнително 1% од понудата на токени на пазарот за да ја намали вредноста до целната вредност од 1,00 американски долар. Од друга страна, ако токенот се тргуваше по цена од 0,99 долари, алгоритамот ќе отстрани приближно 1% од понудата во циркулација за да ја врати пазарната вредност на токенот до целната вредност. Ова исто така се нарекува „rebasing“.

Ова можеби звучи како најпрогресивно решение за постигнување на стабилност на цените, но чистото алгоритамско решение за овој проблем доаѓа со неколку прашања, особено во ситуација како „bunk run“, односно кога голем дел од  носителите на токените сакаат да бидат “исплатени” одеднаш и можат да ја урнат цената.

Ampleforth (AMPL) е одличен пример за овој тип на „rebasing“ на algorithmic stablecoin. Ако погледнете во историја на цени за овој токен, ќе видите дека пазарната цена за токенот не е толку стабилна како што би требало.

Од друга страна, TerraUSD (UST) е исто така algorithmic stablecoin (но ги нема истите својства за „rebasing“.). Има тенденција подобро да ја задржи својата вредност поблиску до 1,00 американски долар, но сеуште е зафатен од многу повеќе нестабилност отколку што обично претпочитаат корисниците на stablecoins.

Од напишаното до сега, можеме да заклучиме дека алгоритамскиот пристап сигурно има позитивни страни како што е отсуството на централна владејачка партија што ќе ја поправа понудата или каматната стапка. Затоа, често среќаваме некои хибридни пристапи за решавање на прашањето за стабилност кои користат и алгоритамско управување и колатерализација од други средства.

Продолжува…

Неделен преглед на пазарот 17.10.2021

Потрошувалите продолжуваат да трошат и покрај повисоките цени

  • Продажбата на мало изненадува во нагорна линија. Но, падот на сентиметот кај потрошувачите создава негативен ризик за пораст на трошењата оваа празнична сезона.
  • Цените на увозот растат, додавајќи ги очекувањата за зголемена инфлација до крајот на годината.
  • Производствената активност на империјата е умерена, но перспективата зајакнува.
  • Деловните залихи се зголемуваат, но сепак не се во согласност со продажбата.

Русија, Русија, Русија

  • Од порастот на цената на природен гас и нафта имаат корист извозниците на суровини како Руската Федерација.
  • Индексот MSCI Russia е ефтин и има добар импулс – и двете треба да помогнат да се одржи тековниот пораст.
  • VanEck Russia ETF (RSX) се приближува до прекумерно купени вредности. Во комбинација со зголемените случаи на Ковид не става да бидеме претпазливи во блиска иднина.

Позиционирање за повторно отворање на трговијата 2.0

  • Надградба на секторите енергија и финансии до прекумерна тежина.
  • Намалување на секторот  здравствената заштита до недоволна тежина.
  • Намалувањето на случаи на Ковид, зголемувањето на стапките и цените на суровините и заострувањето на кривата на приносот ја поддржаа ротацијата назад кон секторите за циклична вредност.

Извор: Ned Davis Research

Неделен преглед на пазарот 10.10.2021

Уште еден чекор надолу

• Надградба на CMBS од пазарна тежина до прекумерна тежина.
• И покрај пониските цени на акциите, обврзниците не успеаја да обезбедат ефективен хеџ.
• Загриженоста за инфлацијата влијаеше на двете класи на средства.

Глобалниот раст се забрзува по летнoто затишје

• Глобалниот економски интензитет се зголеми во септември, според најновите податоци за PMI, со подобрувањето на состојбата со Ковид.
• Но, моментумот најверојатно достигна врв во вториот квартал, бидејќи недостатокот во снабдувањето го ограничува производството, особено во развиениот свет.
• Кина останува најголем ризик за глобалниот раст, растот кај развиената земји останува силен, додека другите земји во развој покажуваат знаци на живот.

Месечно ажурирање на секторите – октомври 2021 година

• Секторот енергетиката беше единствениот сектор со позитивни приноси во септември, кој имаше корист од порастот на цените на нафтата.
• Корекцијата на акциите FANMAG  влијаеше на приносот на S&P 500 во текот на месецот.
• Намалувањето на случаите на Ковид и намалувањето – “tapering” на ФЕД може да поттикне повторно отворање на трговијата 2.0.

Корекција, ротација или и двете?

• Првата корекција од 5% во скоро една година покрена прашања дали пазарот влегува во корекција или во друга ротација што ги погоди мега-кап акциите малку посилно од претходните ротации.
• Ширината на пазарот и моделите на НДР го поддржуваат случајот кога сезонската слабост ќе попушти до пораст до крајот на годината.
• Внимавајте на глобалната широчина, приносите на обврзниците, сентиментот и сезоната на заработка.

Извор: Ned Davis Research

Време е за ротација

K.I.S.S. е акромин за Keep It Simple, Stupid! Оваа кратенка може да ни помогне многу да донесеме правилни одлуки на пазарот. Понекогаш малку податоци може да бидат и повеќе од доволно, а премногу податоци може да доведат до “парализа на анализата”.

Историски, проектите за децентрализирани финансии (ДеФи) се покажаа многу добро на целокупниот пазар, но многу од најголемите проекти во секторот се тргуваат скоро странично со месеци, кое претставува одлична можност за ротирање во некои од фундаментално најсилните средства во крипто индустријата.

Пазарот е гласачки механизам на краток рок и механизам за мерење на тежина на долг рок, кое значи дека “blue chips” коините со силни фундаментални показатели е тоа што пазарот ќе преферира на долг рок.

Пред да издвојам неколку ДеФи токени кои сметам дека се намалени многу во однос на остатокот од пазарот и кои имаат во моментов на пишување на статијата имаат цени кои се добри за купување и градење на позиции на долг рок.

Изминатите некоку месеци бевме сведоци на одлични перформанси на нетворк токените како што се: Solana, Luna, Avalanche и многу други. Кога сакаме да инвестираме, ние бараме потценети токени кои се релативно ефтини во однос на другите и имаат фундамнетално добро параметри.

Но, пред да ги споделам графиконотие, во прилог ќе споделам неколку метрки за анализа на истите. ДеФи анализата ја започнуваме со гледање на четири метрики: пазарна капитализација, вкупнa заклучена вредност (TVL), активни адреси на паричници и проток на размена. Последните три метрики се изведени од „on-chain“ податоци, кои се дефинирани како извор на податоци од активности што се евидентирани на блокчејн (или „јавна база на податоци“) што поддржува дадена криптовалута! On-chain метриките се единствени за индустријата за криптовалути и можат да бидат неверојатно моќни и поради обемот на достапни податоци и веродостојноста на точноста на податоците. Бидејќи податоците од синџирот се добиени од јавна, непроменлива, отпорна на спам и проверена книга, можеме да бидеме сигурни дека информациите се доволно доверливи за да помогнат во нашите одлуки. Со други зборови, податоците од синџирот е речиси невозможно да се променат.

  1. Пазарна капитализација – oваа метрика ни ја кажува вкупната вредност на проектот според неговата пазарна цена. Пазарната вредност се пресметува со множење на цената на токенот со нејзината циркулирачка понуда, наспроти неговата максимална понуда на токенот.
  2. Вкупнa заклучена вредност (TVL) – покажува колку пари се заклучени во паметни договори поврзани со даден протокол. Ова обично се означува во американски долари, но исто така е важно да се земе предвид и метриката за ETH..
  3. Активни паричници – оваа метрика покажува колку луѓе всушност ја користат мрежата. Ова е важно заедно со TVL, бидејќи обезбедува подобра слика за растот на мрежата. Дополнително, оваа сликата нема да ви ја раскаже целата приказна, така што ќе треба да го разгледуваме растот со текот на времето за да утврдите дали одредена мрежа ја зголемува својата база на корисници.
  4. Прилив/одлив од менувачница – протокот на размена е мерка за обемот на токенот што се поместува до или од централизиран паричник за размена.

Додека овие токени се уште се „надолу“ од нивниот најголем врв, многу од нив се  илјадници проценти над нивната почетна цена.

Compound

Maker

AAVE

Од графиконите можеме да забележиме дека сите се наоѓаат на силно ниво на поддршка кое неколку пати пазарот се обидел да го пробие и имаме нов под на тргување со силен обем на контрола.

Останете трпеливи и не дозволувајте цикличноста на пазарите да ве потресе.

За авторотСнежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.

Неделен преглед на пазарот 26.09.2021

Додавање изложеност кај Јапонија која има подобри перформанси

  • Надградба на Јапонија од пазарна тежина во прекумерна тежина.
  • Јапонија покажува подобри перформанси и позитивно читање на индикаторите.
  • Сентиментот на пазрот се смени е сега е на повисоко ниво по Олимпијадата, оставката на Суга и падот на случаевите со Ковид.
  • Пазарот е поддржан од позитивниот сентимент на јенот, надградбата на заработувачката, стапката на пораст и релативниот јаз во вреднувањето, но долгорочниот потенцијал се уште е под знак прашалник.

Надградба на секторите: Real Estate и Consumer Staples намалување на секторот Materials

  • Потезите додаваат на нашата одбранбена распределба на value stocks и ја намалуваме препорачаната бета на најниско ниво од мај 2020 година.
  • Модели на НДР сугерираат дека не е време да се претвориме во целосна дефанзива.

Кина? Евергранде? Што значи сето ова?

  • Дебаклот во Евергранд ја става кинеската економија на доплнителен ризик за надолна траекторија, која и понатаму е кревка во услови на Ковид, поддржувајќи ја нашата позиција со недоволна тежина во акциите на пазарите во развој.
  • И покрај тоа, ние веруваме дека момент на Леман е многу малку веројатен дека ќе се случи.
  • Тековниот проблем со долгот го надополнува купот спротивни ветрови со кои се соочува Кина во однос на нејзината долгорочна траекторија на раст.

Големиот ризик добива малку внимание

  • Растот на заработката би требало нагло да забави во 2022 година.
  • Некои уникатни двигатели на јачината на EPS во 2021 година би можеле да работат против растот на EPS во 2022 година.
  • Маргините на профитот би можеле да бидат plateau порано отколку во претходните циклуси.

Извор: Ned Davis Research

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend