Валутниот пар го достигна нашиот таргет и како што пишавме претходно, следува надолна корекција. Еврото во однос на американскиот долар направи продолжено движење нагоре и затвори повисоко од нашите очекувања за месец јануари. Од дневниот графикон можеме да забележиме дека корекцијата е започната кое се потврдува и со негативната девергенција на RSI индикаторот од кој јасно може да видиме дека трендот губи на сила и имаме  пониски читања. Тоа што може да очекуваме во наредните неколку недели е придвижување на цената во надолна линија и тестирање на линијата на поддршка околу 1,04 пред да одлучиме да заземеме долга позиција или да бараме конфирмација за продолжување на надолниот тренд.