Доколку сте заинтересирани за однесувањето на пазарот, јазот помеѓу вистинската вредност и пазарната цена на хартиите од вредност, дизајнирањето на квантитативни системи и управување со ризикот, CMT програмата е за Вас.
Поседувањето на сертификатот CMT развива длабоко знаење во полето на техничката анализа и директно влијае на работата на портфолио менаџерите, менаџерите на хеџ фондовите, инвестиционите советници, инвестиционите стратези на пазарот, менаџерите во секторите за истражување и инвестирање.
Ознаката CMT ( Charter market technician) претставува овластен берзански техничар кој го завршил полагањето на сите три новоа на испити. Има високо признание во инвестиционата индустријата и е добро препозната од други професионалци во индустријата ширум светот. Во суштина, ознаката CMT се смета за златен стандард во полето за техничка анализа.
За да станете овластен техничар на пазарот (CMT), мора да ги исполните ригорозните стандарди со полагање на три нивоа.
Повеќе информација за полагање на испитите може да видите на следниот линк: CMT Association